Sunday, February 12, 2017

Првиот македонски готвач со рецепти за бебиња и деца: Бебе Готвач

Пред точно една година и еден месец, го постиравме првиот пост во, сега веќе, добро позната и претпознатлива група, Здрава храна здрави деца!
Дека бевме сериозни и амбициозни да имаме едно поинакво катче докажува тоа што само за неколку месеци успеавме да придобиеме голем број на членови. Но дека ќе бидеме синоним кај родителите кога станува збор за здравата исхрана, принципиелноста, почитувањето на правила и пример како треба да изгледа една група, искрено, се надевавме, но не бевме сигурни дека ќе успееме.
Македонско традиционално тавче гравче како дел од рецептите во првиот готвач на македонски наменет за најмалите
(фотографија Марјан Петковски)

Но, не само што тоа го остваривме, туку можеме да се пофалиме со огромен број на завршени задачи од кои дел сами си ги зададовме, а и вие ни помогнавте со вашите дилеми и секојдневни прашања. Горди сме што успеавме во идејата да прераснеме во многу повеќе од обична ФБ група во која ќе има само размена на рецепти и идеи.
Огромниот број документи кои се одговори на најчесто поставуваните прашања, соработката со нутриционист и доктор, лансирање на првата македноска андроид апликација за здрава храна и исхрана на бебињата и децата, Бебе Готвач, нашиот блог, се показатели дека идејата и целта ја остваривме.
Но благодарејќи на вас, идеите за нешто ново и пристапно до сите, не застанаа.
Затоа денес со гордост ви објавуваме дека пред нас е уште еден огромен проект кој набрзо ќе може да се најде на сечија полица.
Книгата Бебе Готвач, на која веќе подолго време работиме ќе го заокружи се она што досега го сработевме, а и со вас го научивме.
Деталите наскоро ќе ви ги објавиме, па затоа следете не редовно.



Елена Петковска
Ирина Наков

No comments:

Post a Comment