Wednesday, February 22, 2017

Mлечните производи како важен дел од исхраната на бебињата и децата

Млечните производи се добар извор на енергија и протеини и содржат широк спектар на витамини и минерали, вклучувајќи и калциум, кој помага во растот на бебињата и децата и помага да се оформат здрави коски и заби.


Институтот за Јавно Здравје препорачува ексклузивно доење (давање на вашето бебе само мајчино или адаптирано млеко) во првите шест месеци од животот на бебето. Кравјото млеко не е соодветна замена за мајчино или адаптирано млеко.
Кравјо млеко не треба да се дава додека бебето не наполни една година. Сепак, на бебињата кои имаат наполнето 8 месеци може да им се даде храна која е произведена од полно масно кравјо млеко како состојка, како што се јогурт, сирење, урдата и путер.

На бебињата и децата треба да им се дава полномасно млеко и млечни производи, додека наполнат две години, бидејќи тие од производите со пониска масленост не можат да ги добијат калориите и есенцијалните витамини кои им се потребни.
По двегодишна возраст децата можат постепено да преминат на полу-обезмастено млеко како пијалок, се додека тие имаат разновидна и балансирана исхрана и растат нормално.


Не давајте обезмастено или млеко со 1% масленост децата како пијалок додека тие не наполнат најмалку пет години. Обезмастено или млеко со 1% масленост не содржи доволно витамин А и не содржи доволно калории кои им се потребни на малите деца.
Децата на возраст од една до три години треба да добиваат околу 350мг калциум на ден. Околу 300мл млеко ќе ја обезбеди доволната количина на калциум.

Козјо и овчо млеко во исхраната на вашето бебе

Како и кравјото млеко, козјото и овчото млеко не се погодни да се даваат како пијалок во исхраната на бебиња под една година, бидејќи тие не го содржат потребниот баланс на хранливи материи.
Се додека е пастеризирано, може да се користи полномасно козјо и овчо млеко како пијалок кога бебето ќе наполни една година. Во исхраната на бебиња по 8 месечна возраст можат да се дадат како полномасни млечни производи како сирење или урда.

Дали козјото млеко е поздраво од кравјото?

Кравјото и козјото млеко содржат слично ниво на калциум и други минерали и витамини. Но кога станува збор за витаминот Б12, важен за формирање на црвените крвни зрнца, кравјото млеко е незаменливо.


Една чаша млеко содржи 2/3 од дневните потреби од препорачаната дневна доза. За да го постигнете истиот ефект со козјо млеко, треба да пиете 9 пати повеќе млеко.
Сепак, козјото млеко има повеќе железо од кравјото и содржи повисоко ниво на цинк и селен, кои ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем.
Постои мит дека луѓето што се алергични на кравјо млеко можат да консумираат козјо, што не е точно. Протеинот што ја предизвикува алергијата се наоѓа во сите видови млеко. Истото важи и за интолеранцијата на лактоза.
Козјото млеко има малку помалку калории, 60, во споредба со кравјото, кое има 67 калории.
Козјото млеко има значајна количина на олигосахарди, состојки кои се однесуваат како пробиотици и го зголемуваат растот на здравата црвена флора, а се борат и против инфекции.
Треба да се има предвид дека козјото млеко не се препорачува да го пијат мали деца во големи количини бидејќи протеините во него се премногу концентрирани за да можат малите деца да го сварат.
Треба да се земе во предвид и тоа што козјото млеко ретко може да се најде пастеризирано и се зголемува ризикот од бактериски инфекции, дијареа и други болести.

No comments:

Post a Comment