Tuesday, February 14, 2017

Нов update и освежен изглед на апликацијата Бебе Готвач

Изминатиот период работевме на мигрирање и подобрување на работата на апликацијата Бебе Готвач. Во меѓувреме можевте да посведочите на некои неправилности во нејзиното работење кои повеќе нема да бидат пречка во секојдневното користење. Покрај ова, додадовме некои новитети кои ќе ви бидат од корист.


Отсега сите вие кои ја имате инсталирано апликацијата Бебе Готвач на вашите андроид уреди ќе можете дирекно да го следите и нашиот блог Здрава храна, здрави деца  и со еден клик да се приклучите кон нашата Facebook група, Здрава храна, здрави деца.



Со цел да ги имате сите овие промени, направете update на апликацијата во Google Play store 
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bebegotvach

И понатаму работиме на нејзино средување и додавање новитети. Дотогаш, подготвувајте здрави, домашни и вкусни оброци и следете не.

No comments:

Post a Comment