Friday, March 31, 2017

Цимет (Цејлонски цимет 6+ месеци)

Циметот е еден од најстарите   познати зачини, а се споменува дури и во Библијата. Поради своите лековити   својства долго време бил користен во различни медицински традиции во светот,   а модерните научни истражувања потврдиле дека навистина циметот има потивен   ефект кај многу болести. Оваа билка се споменува уште пред 2800 година   п.н.е. Во минатото циметот бил скап како златото. Постојат стотици видови и   подвидови на билката на циметот. Како зачин се користат два вида: цејлонски   цимет и цимет касија, исто така познат како кина-цимет кој потекнува од   Бурма. Во Европа се употребуваат и двата. 
Циметот е зачин кој се   добива од ниско дрво што личи на грмушка, а припаѓа на фамилијата ловори.   Кората на дрвото и листовите се ароматични, додека цветовите имаат непријатен   мирис. Младите гранки на дрвото се сечат и им се лупи кората, а внатрешната   кора се суши и се обликува во стапчиња со црвеникаво-кафена боја. Најмалите стапчиња   се вметнуваат во поголемите, а потоа подеднакво се сечат. Во денешно време,   ова дрво се одгледува скоро во сите тропски земји во светот.


Пченка (безглутенска житарка) 6+/11+ месеци

Пченка е навистина прекрасно растение. Расте брзо и неговите зрна се спремни за јадење дури и пред да бидат сосем зрели. Расте речиси "сам" - неговото одгледување не бара многу напор. Пченка потекнува од Јужна Америка, каде што се смета за божествено растение. Пченка содржи јаглехидрати, протеини, незаситени масти, витамини и бројни минерали (железо, фосфор, магнезиум, калиум). 

Wednesday, March 29, 2017

Киноа (безглутенска житарка)

Киноата е древна билка од Јужна Америка и е една од најстарите житарици во светот. Одгледува е на Андите уште пред 5000 години. Инките ја препознале оваа храна како извор на сила и издржливост и ја нарекле "злато на Инките" и "мајка на житариците". 
Киноата е богата со високо квалитетни протеини и ги содржи сите есенцијални амино киселини. Таа е особено богата со лизин, кој учествува во процесите на раст и зацелување на ткивото. 

Овес (глутенска житарка) 8+ месеци

Иако овесот денес се користи првенствено за добиток, во минатото имал големо значење во човечката исхрана.
Кинезите знаеле за овесот дури и пред илјадници години, а го користеле и старите Римјани други земји уште во античките времиња.

Денес, овесот се уште се користи во големи количини во Русија, Шкотска и Ирска. Познатата овесна каша е направен од овес кој се готви на многу ниски температури.
Овес се една од најпознатите житарки богата со хранливи состојки. Неговата калорична вредност е колку што е 400 калории на 100 грама.

Monday, March 27, 2017

Д-р. Александар Митов на тема: Дополнителна исхрана кај доенчето

Едно од поважните и потешки прашања кои ги мачат родителите, особено новите е кога е правилното време за започнување со дохрана? Од нашето искуство можеме да забележиме дека има многу голем број на родители кои се интересираат на темата, но има и такви кои не ги следат препораките на здравствените организации и матичните педијатри, па најчесто прават грешка како воведување цврста храна прерано и тоа во најголем број според сопствено убедување. 
На оваа тема го замоливме  д-р. Александар Митов да го сподели своето искуство и знаење. На многу детален начин добивме анализа на неколку релевантни, меѓународни и национални, официјални препораки за дополнителна исхрана на деца до 12 месечна возраст. 



Thursday, March 23, 2017

Дипл. нутриционист Надица Илиевска, дел од екипата на Здрава храна, здрави деца!


Надица Илиевска е еден од првите дипломирани нутриционисти во Македонија. Таа е инженер по прехрамбена технологија и нутриционизам, на Техничко-технолошки факултет Велес,  Универзитет Климент Охридски Битола. Тековно- Студент на Постдипломски студии по Нутриционизам при ТТФ-Велес УКЛО.

Таа е сопственик и работи како нутриционист - советувач во својата приватна ординација, советувалиште за здрава храна и исхрана, „Нутриционист Консалтинг“ во Скопје.

Надица Илиевска е стручна за одредување нутритивен статус и исхрана на здрава и заболена популација од сите возрасни групи. Стручна е за корекција на калориски внес и диетотерапија со посебни препораки на исхрана и одредување на индивидуален генотип и исхрана според крвни групи.

Надица го има спроведено повеќе стручни активности, меѓу кои и „Стручни предавања за школски деца во ОУ, во Општина Карпош-Скопје  во рамките на месец на детско здравје, на тема ХРАНА И ЗДРАВЈЕ”.

Sunday, March 19, 2017

Д-р. Александар Митов на тема: Здравствените проблеми од употреба на животински млека

Многупати зборувавме за употреба на животинско млеко во исхраната на доенчињата и децата, но оваа тема секогаш предизвикува реакции, особено кај родителите чии ставови се поделени бидејќи најчесто се добиваат различни совети од стручните лица.
Затоа  д-р. Александар Митов, новиот, стручен член на наша група Здрава храна, здрави деца во своето излагање на темата ќе даде научно издржани факти зашто и дали треба да се консумираат млеката од животинско потекло. Кои се придобивките, а кои негативните резулати од консумирање на кравјото млеко кое најчесто се дава на бебињата и децата.


Friday, March 3, 2017

Бебе готвач во емисијата Македонија денес на ТВ24

Во емисијата Македонија денес на ТВ24 разговаравме за апликацијата и книгата Бебе Готвач. Колку апликацијата Бебе Готвач е од помош на родителите и колку се задоволни корисниците од апликацијата, но и повеќе детали за книгата Бебе Готвач, може да погледнете на видеото: