Friday, March 31, 2017

Пченка (безглутенска житарка) 6+/11+ месеци

Пченка е навистина прекрасно растение. Расте брзо и неговите зрна се спремни за јадење дури и пред да бидат сосем зрели. Расте речиси "сам" - неговото одгледување не бара многу напор. Пченка потекнува од Јужна Америка, каде што се смета за божествено растение. Пченка содржи јаглехидрати, протеини, незаситени масти, витамини и бројни минерали (железо, фосфор, магнезиум, калиум). 


Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот. Ова жито има диуретички, хранливи и поткрепувачки освежувачки својства. Ја стимулира работата на црниот дроб и бубрезите. Активно делува врз тироидната жлезда, забавувајќи нејзината работа. Се препорачува во случај на нервоза и раздразливост. Го зајакнува срцето, крвните садови, мускулите и коските.



 Свежите зрна на пченката може да варат или печат. За разлика од зеленчукот, кој е поздрав сиров отколку варен, пченката е поздрава кога термички ќе се обработи. При термичката обработка на пченката, при варење или печење, од неа се ослободуваат молекули кои го штитат телото од штетните ефекти на слободните радикали, што ја прави пченката природен заштитник против низа дегенеративни заболувања како што се: рак, Алцхајмерова болест, болести на срцето и крвните садови и други.Термичката обработка на пченката ја зголемува и активноста на антиоксидативните молекули и нивото на фитоматериите со кои пченката обилува, а на кои им се препишуваат антиканцерогени својства на пченката. 



Од пченката се прави палента, тестенини, леб и колачи. Палентата или качамак, е многу нутритивно вредна намирница, која не го оптеретува организмот со вишок калории. Имено, 60 грама варен акчамак (приближно една поција) содржи само 44 килокалории, 2 грама масти, при што преовладуваат сложените и прлостите незаситени мсти и 44 грама јагленохидрати. качамакот содрѓи бета каротин, провитамин А, витамин Б1, како и многу други витамини и минерали, вклучувајќи ги витаминот Б5, фолната киселина, нијацинот, витаминот Ц, фосфорот, калиумот и магнезиумот.

Поради богатството на хранливи и здрави состојки, производите од цело зрно на пченката се одличен избор за почеток на денот.Пченка може да се консумира и во форма на пуканки или снегулки, кои се јадат за појадок. Пченкарни снегулки се здрав и хранлив производ, добиеn од пченката. Тие се богати со скроб, протеини, минерали. Пченкарни снегулки се природен лаксатив и ја подобруваат работата и празнењето на цревата.



Спротивно на тоа што многумина мислат, пуканки се едни од најздравите грицки. Пуканките содржат материја – триптофан, која телото ја петвара во серотонин – природно средство против депресија и анксиозност. Тие се богати и со јагленохидрати, па го поотикнуваат ослободувањето на инсулинот во крвотокот, а тој ги чисти сите аминокиселини кои му сметаат на триптофанот да дојде до мозокот. Благодарение на инсулинот, триптофанот има „чист пат“ и се пробива до мозокот, каде се претвара во „хормон на среќата“ – серотонин. Серотонинот дава чувство на задоволство, овозможува нормален сон, го намалува апетитот и го зголемува прагот на болката. затоа, наредниот пат, кога ќе изедете повеќе пуканки, немојте да ве грижи совеста. И тие ни помагаат да се чувствиваме подобро. Сепак, пуканките не треба многу да се солат и да им се додава многу масло.



Под услов за нивната подготовка да не се користи големи количина на масло, да не се подготвуваат во микробранова печка и да не се напраени од ГМО пченка.
Пченката се воведува во бебешката исхрана на самиот почеток односно од 6+ месеци и тоа како палента или пченкарно брашно. Може да се дава варена пченка или цело зрно по наполнети 11 месеци.

Рецепт со пченка:

Сварете палента.. На страна сварете тиква која ќе ја изблендирате. Додадете ја во садот со палента, измешајте и гответе уште 2-3 минути. Додадете цимет и сервирајте додека е топла.
Ако правите за поголемо бебе, сварете ја тиквата во млеко.
Овој оброк може да се даде на 6+ месеци бебиња но без зачинот


Поврзани статии:






No comments:

Post a Comment