Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолна киселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот. Ова жито има диуретички, хранливи и поткрепувачки освежувачки својства. Ја стимулира работата на црниот дроб и бубрезите. Активно делува врз тироидната жлезда, забавувајќи нејзината работа. Се препорачува во случај на нервоза и раздразливост. Го зајакнува срцето, крвните садови, мускулите и коските.
Поради богатството на хранливи и здрави состојки, производите од цело зрно на пченката се одличен избор за почеток на денот.Пченка може да се консумира и во форма на пуканки или снегулки, кои се јадат за појадок. Пченкарни снегулки се здрав и хранлив производ, добиеn од пченката. Тие се богати со скроб, протеини, минерали. Пченкарни снегулки се природен лаксатив и ја подобруваат работата и празнењето на цревата.
Спротивно на тоа што многумина мислат, пуканки се едни од најздравите грицки. Пуканките содржат материја – триптофан, која телото ја петвара во серотонин – природно средство против депресија и анксиозност. Тие се богати и со јагленохидрати, па го поотикнуваат ослободувањето на инсулинот во крвотокот, а тој ги чисти сите аминокиселини кои му сметаат на триптофанот да дојде до мозокот. Благодарение на инсулинот, триптофанот има „чист пат“ и се пробива до мозокот, каде се претвара во „хормон на среќата“ – серотонин. Серотонинот дава чувство на задоволство, овозможува нормален сон, го намалува апетитот и го зголемува прагот на болката. затоа, наредниот пат, кога ќе изедете повеќе пуканки, немојте да ве грижи совеста. И тие ни помагаат да се чувствиваме подобро. Сепак, пуканките не треба многу да се солат и да им се додава многу масло.
Под услов за нивната подготовка да не се користи големи количина на масло, да не се подготвуваат во микробранова печка и да не се напраени од ГМО пченка.
Пченката се воведува во бебешката исхрана на самиот почеток односно од 6+ месеци и тоа како палента или пченкарно брашно. Може да се дава варена пченка или цело зрно по наполнети 11 месеци.
Рецепт со пченка:
Сварете палента.. На страна сварете тиква која ќе ја изблендирате. Додадете ја во садот со палента, измешајте и гответе уште 2-3 минути. Додадете цимет и сервирајте додека е топла.
Ако правите за поголемо бебе, сварете ја тиквата во млеко.
Овој оброк може да се даде на 6+ месеци бебиња но без зачинот
Поврзани статии:
No comments:
Post a Comment