Thursday, March 23, 2017

Дипл. нутриционист Надица Илиевска, дел од екипата на Здрава храна, здрави деца!


Надица Илиевска е еден од првите дипломирани нутриционисти во Македонија. Таа е инженер по прехрамбена технологија и нутриционизам, на Техничко-технолошки факултет Велес,  Универзитет Климент Охридски Битола. Тековно- Студент на Постдипломски студии по Нутриционизам при ТТФ-Велес УКЛО.

Таа е сопственик и работи како нутриционист - советувач во својата приватна ординација, советувалиште за здрава храна и исхрана, „Нутриционист Консалтинг“ во Скопје.

Надица Илиевска е стручна за одредување нутритивен статус и исхрана на здрава и заболена популација од сите возрасни групи. Стручна е за корекција на калориски внес и диетотерапија со посебни препораки на исхрана и одредување на индивидуален генотип и исхрана според крвни групи.

Надица го има спроведено повеќе стручни активности, меѓу кои и „Стручни предавања за школски деца во ОУ, во Општина Карпош-Скопје  во рамките на месец на детско здравје, на тема ХРАНА И ЗДРАВЈЕ”.

Надица е член на нашата група, Здрава храна, здрави деца, уште од самото формирање, а во март 2015 официјално ја претставивме како наш нутриционист – советувач. Таа долго време одговараше на прашањата на членовите и беше од голема помош.

Горди сме да кажеме, дека по кратка пауза, Надица е повторно активна и ќе ни помогне да ги решиме најчестите дилеми кои ги имаме и ќе сподели со нас се она што треба да го знаеме за правилна исхрана. Преку соодветни статии на нашиот блог, ќе ни помогне да научиме како поздраво да се храниме и што е најважно како поздраво да ги храниме нашите деца.

За накратко да ве запознаеме со нејзината работа, одвоивме дел од статија која Надица  ја напишала за електронски медиум.

За опасната храна во детското мени, Надица ќе каже:

- Антибиотици и хормони кои се наоѓаат во одредени типови храна од животнско и растително потекло.
- Микробиолошки контаминенти, кои се отстрануваат со добра термичка обработка.
- Адитиви и конзервански кои се додаваат во текот на преработката на готови намирници.
- Пестицифи кои се многу трајни и стабилни хемиски соединенија и тешко се отстрануваат од храната.
Сите наведени контаминенти во храната се наоѓаат во строго контролирани количини кои се законски определени со цел да не предизвикуваат опасност по здравјето, но за жал искуството и мнохубројни научни студии покажаа дека нивното вкрстување и комбинации се штетни по здравјето, особено за децата.

- Најмногу внимание во последно време предизвика штетното дејство на вештачките бои, вештачките засладувачи и засилувачи на вкусот.

 

No comments:

Post a Comment