Wednesday, March 29, 2017

Киноа (безглутенска житарка)

Киноата е древна билка од Јужна Америка и е една од најстарите житарици во светот. Одгледува е на Андите уште пред 5000 години. Инките ја препознале оваа храна како извор на сила и издржливост и ја нарекле "злато на Инките" и "мајка на житариците". 
Киноата е богата со високо квалитетни протеини и ги содржи сите есенцијални амино киселини. Таа е особено богата со лизин, кој учествува во процесите на раст и зацелување на ткивото. 


Хемиската анализа покажала дека киноата ги содржи сите неопходни за човекот аминокиселини (околу 20 видови) и може да се каже дека е комплетна замена за месото. Киноата содржи минерали калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и бакар. Од витамини - тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, витамини А и Е. Таа е богата со растителни влакна и каротеноиди и помага со мигрена, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови, го намалува холестеролот и крвниот притисок, помага во спречување на алергии и астма.


Киноата може да се каже дека е лесна за приготвување, но е и лесна за желудникот. Таа може да се искористи како во супите (на пр. наместо фиде) како гарнир, може да се додаде во секаков вид салати, но и во разни десерти, на пример во палачинки, вафли, мафини. Успешна замена е за оризот, но значително покорисна одошто самиот оризот, особено белиот (луштениот). Со брашното од киноата може да се прави леб, разни печива, а се применува и во индустријата на тестенини. По правило киноата се продава исчистена и промиена што го олеснува нејзиното приготвување.


Необработената киноа секогаш измијте ја пред подготовката затоа што нејзината лушпа содржи сапонин - супстанција која дава горчлив вкус.
Измијте ја и процедете ја киноата, а потоа згответе ја исто како и тестенините (во голем сад со многу вода), или како ориз на пареа (во сооднос 2 чаши вода 1 чаша киноа).
Киноата бидејќи е безглутенска житарка се воведува на почетокот на исхраната на бебињата односно на 6+ месеци.


Рецепт со киноа:
Претходно измиената киноа сварете ја во вода. За овој оброк потребно ви е ¼ шоља киноа и 1 шоља вода. На страна испасирајте едно јаболко, една банана и 2 претходно сварени, суви сливи ( може и свежи). Откако ќе се олади киноата измешајте ја со пасираното овошје и зачинете со малку органски цимет

Поврзани статии:

No comments:

Post a Comment