Saturday, April 1, 2017

Брусница 11+ месеци

Брусницата е грмушесто растение со црвени плодови. Потекнува од Северна Америка, каде домородците од дамнина ја користеле како храна, лек и во религиозни обреди. Поради нејзините својства заслужено се вбројува помеѓу најлековитите билки на светот. Брусницата е во форма на жбун и израснува од 10 до 40 cm. Има овални темнозелени листови, кои се поредени во парови и наименично. На врвовите на гранчињата висат во вид на гроздови, бели, а поретко црвенкасти поединечни цветови, кои имаат форма na sвончиња. При крајот на август и почетокот на септември, од цветовите настануваат прво бели плодови, а покасно тие добиваат црвена боја.


Бидејќи брусницата е многу отпорна на ладно и на мраз (до мунус 22 степени Целзиусови), таа е распространета во поголемиот дел од северната хемисфера, од краевите со умерено-континентална клима, па сè до арктичкиот дел (71° северна широчина). Посебно и одговара сончева и сува клима и кисела земја, богата со хумус, но поднесува и помалку хранлива песочна земја.
Брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А (бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.



 Состав и лековитост: 100гр. свежа брусница содржи само 15 калории, додека енергетската вредност на 100гр. сува брусница изнесува 60 калории. Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од ешерихија коли. Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.



Покрај тоа, се користи и како лек при: бактериски и габични инфекции, чир на желудник, болести на забите, слаб имунитет, дијабетес, очни болести, превенција од кардиоваскуларни болести, превенција од карцином на дојка-желудник-дебело црево. Чајот од листовите на брусницата помага при болести на уринарниот тракт, а од плодот при ревматизам, гихт и камења во бубрези.




Природен антибиотик и антиоксиданс: Благодарение на хипуричната киселина, има силно антибактериско дејство, па поради тоа е корисна за лечење и превенција од инфекции. Воедно, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот. Во истражувања, се покажало дека средството за испирање на устата со брусница значајно ја намалило појавата на кариес. 



Брусницата содржи антиоксиданс - фенол, кој спречува срцеви болести, неколку видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

No comments:

Post a Comment