Брусницата е грмушесто растение со црвени плодови.
Потекнува од Северна Америка, каде домородците од дамнина ја користеле како
храна, лек и во религиозни обреди. Поради нејзините својства заслужено се
вбројува помеѓу најлековитите билки на светот. Брусницата е во форма на жбун и
израснува од 10 до 40 cm. Има овални темнозелени листови, кои се поредени во
парови и наименично. На врвовите на гранчињата висат во вид на гроздови, бели,
а поретко црвенкасти поединечни цветови, кои имаат форма na sвончиња. При
крајот на август и почетокот на септември, од цветовите настануваат прво бели
плодови, а покасно тие добиваат црвена боја.
Бидејќи брусницата е многу отпорна на ладно и на мраз (до
мунус 22 степени Целзиусови), таа е распространета во поголемиот дел од
северната хемисфера, од краевите со умерено-континентална клима, па сè до
арктичкиот дел (71° северна широчина). Посебно и одговара сончева и сува клима
и кисела земја, богата со хумус, но поднесува и помалку хранлива песочна земја.
Брусницата содржи многу органски киселини, провитамин А
(бета каротен), витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3) и многу минерали. Покрај
ова, таа содржи и многу фито-соединенија и омега-3 масни киселини.
Состав и лековитост: 100гр. свежа брусница содржи само
15 калории, додека енергетската вредност на 100гр. сува брусница изнесува 60
калории. Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, витамин
Ц, калиум, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница
се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур
предизвикани од ешерихија коли. Брусницата е растение, чии плодови се природен
антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи,
содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и
растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој
произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.
Покрај тоа, се користи и како лек при: бактериски и
габични инфекции, чир на желудник, болести на забите, слаб имунитет, дијабетес,
очни болести, превенција од кардиоваскуларни болести, превенција од карцином на
дојка-желудник-дебело црево. Чајот од листовите на брусницата помага при
болести на уринарниот тракт, а од плодот при ревматизам, гихт и камења во
бубрези.
Природен антибиотик и антиоксиданс: Благодарение на
хипуричната киселина, има силно антибактериско дејство, па поради тоа е корисна
за лечење и превенција од инфекции. Воедно, го зајакнува имунитетот и
отпорноста на организмот. Во истражувања, се покажало дека средството за
испирање на устата со брусница значајно ја намалило појавата на кариес.
Брусницата содржи антиоксиданс - фенол, кој спречува срцеви болести, неколку
видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за
здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои
служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот
холестерол и ја подобруваат циркулацијата.





No comments:
Post a Comment