Tuesday, April 4, 2017

Бебе Готвач- книга со рецепти за бебиња и деца, во продажба од 04.05

Првото издание на книгата Бебе Готвач веќе од 04.05. ќе биде во продажба.
Печатеното издание на првиот македонски готвач со рецепти за бебиња и деца од 6+ месеци има 350 рецепти, исто толку корисни совети, статии поврзани со дохраната и развојот на бебињата, совети како до успешно доење како и табели за дохрана.



Идеата за печатено издание произлезе од самите корисници на апликацијата и многубројните ченови на групата Здрава храна, здрави деца!. Потребата од се повеќе рецепти, како и традицијата во кујна да се има готвач, не поттикнаа да започнеме со работа и да ја создадеме книгата Бебе Готвач која ќе биде од голема помош како за родителите, така и за сите оние кои се задолжени за дневното мени на децата.


Нашето две и пол годишно постирање на оброците на нашите деца излезе како многу продуктивна работа. Така, по долготрајна, повеќемесечна работа, сега имаме 350 рецепти како дел од книгата Бебе Готвач. Дел од нив ги има во андроид апликацијата, но многу се нови, традиционални и македонски со намирници кои сезонски може да се најдат на нашите пазари.


Освен рецептите, во книгата има многу корисни информации во вид на совети, како и многу фотографии од оброци кои се автентични, готвени непосредно пред фотографирањето за кое можеме да кажеме дека беше едно незаборавно искуство. Да се подготват во еден ден над 15 оброци и не е така едноставно и лесно, но сега, откако поминаа и тие напорни фотосесии, можеме да кажеме дека задовоството беше огромно.


Ова печатено издание е повеќе од готвач со рецепти. Оние кои не познаваат и не следат знаат дека најголемата инспрација за групата Здрава храна, здрави деца која денес брои над 19 000 членови, беше добро познатата група Соба за доење која ни ги олесни доеничките денови. Нашата поддршка за доењето, особено мајчиното млеко како единствена храна во првите 6 месеци од животот на бебињата ќе ја видите и преку едукатвниот дел посветен токму на доењето.


Како дел од содржината на Бебе Готвач подготвивме неколку засебни текстови кои ќе ви помогнат во секој чекор, вклучувајќи ја секако и приритетната и најважна тема која ја содржи, а тоа е дохраната. Користејќи проверени извори како и актуелни препораки од Институтот за јавно здравје на Република Македонија кои се наоѓаат во „Прирачник за правилна исхрана на доенчиња и мали деца“ и Светската Здравствена Организација ќе може да се информирате за се најважно околу дохраната како и развојот на бебето од 6-12 месеци. Пред секоја глава со рецепти кои се поделени по месеци има кратки текстови во кои ќе прочитате што да очекувате во тој период и фаза од животот на вашето бебе како и некои практични совети и искуства како полесно да ги поминете истите.

Под насловот  “Домашно подготвена храна” ви подготвивме поттикнувачки и инспирирачки текст зашто домашно зготвената храна е добра и е правилно донесена одлука за да имате здрави деца полни енергија.

Пред да почнете да готвите од рецептите, ќе наидете и на табели со намирниците и кога е соодветно нивното воведување.
Се надеваме дека овие информации се повеќе од доволни за да ве заинтересираат да дојдете на промоцијата која е јавна и од одтворен карактер. Ќе се одржи во ATK Family Club на 03.05 со почеток во 18 часот.
Ве очекуваме со огромно задоволство!
Ирина Наков
Елена Петковска

No comments:

Post a Comment