Friday, June 9, 2017

Писмо од бебето до мајката - за доењето

Драга мамо,
Благодарам многу што ме доиш.
Веројатно веќе и самата знаеш колку е твоето млеко најдобро за мене. Уморна си, и малку лута, зошто грижата околу мене изгледа доста тешка. Пред да се откажеш, ќе се потрудам да ти го објаснам моето однесување. Може тогаш ќе се чувствуваш подобро.


Ако после породувањето ме оддвоија од тебе, ќе ми треба малку повеќе време за да го вратам својот инстинкт и да почнам правилно да цицам. Можеби изгубив на тежина додека бевме во болница. Да знаеш мама, јас секогаш ќе ти кажам кога сум гладно, за да добијам што повеќе од твоето млеко. Дури и ако поминале само 5 минути откако цицав последниот пат!! Можеби баба ќе ти рече „Само што јадеше, сигурно не ми е доволно, гладно е“ . Ама мама, јас сум многу малечко и не умеам побрзо! Сега ми требаат 20 минути да добијам само 5 ml од твојот колострум, кој многу ми значи!!!
Ама мама, се е во најдобар ред!! Не постои друго место каде би сакало толку да бидам, како во твојата прегратка, да го слушам твојот глас и да те мирисам, иако може не си се искапила од кога се родив. За мене си највкусно и најпрекрасно суштество. Не постојат многу начини на кои може да ти кажам што сакам. Можам да плачам и можам да цицам. Не можам да видам многу, ама доста можам да почувствувам. Чувствувам како ме ставаш на моите гради, мама, и тогаш сум најсреќно!!


Може те збунува тоа што сакам да цицам по цел ден и цела ноќ. Ама мама, јас не голтам цело време! Јас вежбам за да станам посилно и истовремено ја подобрувам твојата „фабрика за млеко“, кое за мене е повкусно од сладолед!!!
Ако ми понудиш шишенце, јас ќе исцицам се што има во него, зошто поинаку не знам. Моето меше е мало и на твоите гради можам да запрам кога ќе посакам.
Мама, кога цицам, јас предизвикувам зголемено лачење на два важни хормони- пролактин и окситоцин. Овој вториот е одговорен за твоето безрезервно заљубување во мене! Постојат само три настани во твојот живот кога овој хормон се лачи- за време на моето раѓање, за време на моето зачнување ( односно за време на оргазмот!) и за време на моето цицање! Може ти звучи чудно што јас како бебе го знам сето ова. Ама мама, мене ми е важно ти да бидеш среќна и затоа сакам да направам се што можам, за да добиеш што повеќе од овој чудесен хормон!
Мама, знам дека ми го сакаш само најдоброто и дека некогаш се грижиш дали имаш доволно млеко за мене. Може почнуваш да се сомневаш во своето тело. Ама, јас знам дека ти тоа го можеш. Дозволи ни да бидеме заедно, цел ден и цела ноќ, нераздвојни, и јас ќе си го направам целото млеко што ми треба. Јас ги сакам и баба, и тато, и сите други кои доаѓаат да ме видат, ама најсреќно сум кога сум со тебе! Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, толку си топла и мека и мирисаш најубаво на светот!

Местото меѓу твоите гради е место на кое можам да си го спуштам главчето и да го осетам допирот на твојата кожа.


Сакам кога ме доиш лежејќи до мене. Осеќам колку си опуштена, млекото толку лесно тече и тогаш знам дека не брзаш што побрзо да ме надоиш и да одиш од мене.
Мама, знам дека беше многу активна пред да дојдам јас. Одеше во кино, во ресторан, кај пријателите. Знам дека сега ти се чини оти за брзо нема да можеш повторно да го правиш сето тоа. Може станот ни е во неред, може и садовите не ни се измиени со денови....
Ама мама, јас сакам нешто да ти ветам. Не умеам и не знам да ти кажам кога тоа ќе се случи, ама ќе дојде ден кога ќе ми требаш многу помалку. Моето цицање ќе се проретчи и ќе стане побрзо, ќе почнам и да си спијам само во креветчето. Ќе сакам и некој друг да ме држи и ќе уживам во тоа. Ќе научам и да заспивам само, ќе научам да не зависам веќе толку од тебе.
Ама денес мама, ти најмногу ми требаш. Се надевам дека мојата љубов спрема тебе, која уште не знам да ја покажам, ќе ти биде доволна да ги издржиш овие први најтешки денови!

Твоето бебе.

Автор на текстот: Марија Тараба, консултант за доење 
Превземено од www.najboljamamanasvetu.com



1 comment:

  1. Текстов ме расплака... Буквално! Камо да го прочитав во првата недела кога се породив... Преубаво склопено.. Да го прочитаат тазе породените мамички...

    ReplyDelete