Monday, July 31, 2017

Поддршка на доењето: „Од мајките кои дојат за мајките кои ќе дојат“ - Ирина Наков

Успешната доеничка приказна на Ирина Наков


Секоја доеничка приказна е посебна, единствена, за некого лесна и успешна, за повеќето огромен и тежок предизвик, особено ако се соочувате сами, без помош. Таква е и приказната на Ирина Наков, која балгодарејќи на нејзината упорност, заврши успешно. 


„Читај, едуцирај се, спреми се на време, ќе ти треба“ – Зборовите на другарка ми Елена Петковска, која се породи 2 месеци пред мене. Но јас бев толку незаинтересирана и воопшто не помислував какво патешествие ме чека со доењето. Се зачленив во групата „Соба за доење“ на др. Јулија, но не се заинтересирав да почнам да читам.
Породуваањето ми беше стресно. Почнав природно, но за жал, на крајот се породив со царски рез. Бидејќи сум голем паничар инсистирав да биде со целосна анестезија. Одкако се разбудив скоро 3 дена бев на интензивна нега (немаа соби). За тоа време бебето си го видов само еднаш, во туѓи раце, во моментот кога се будев од анестезија. Ниту памтев како изгледа, ниту имав чувство дека сум родила и дека некој ме чека. Кога помислувам на овие моменти, не можам да си ги сопрам солзите...


Thursday, July 27, 2017

Поддршка на доењето- Светска недела на доењето

Светската недела на доењето која започнува на 1 август секаде низ светот се одбележува со корисни панели, дискусии, како и организација на работилници за едукација на идните мајки. Како група на мајки, кои ја водат ФБ групата Поддршка на доењето во која ни се приклучија советнички за доење, Даница Ивановска Лепојевиќ и Анастазија Терзијева Илиева и Женски центар Астарта ќе се приклучиме во одбележувањето на светската недела на доењето преку неколку активности кои ќе им користат на многу идни и сегашни мајки кои се на самиот почеток од доеничкиот стаж.