Thursday, July 27, 2017

Поддршка на доењето- Светска недела на доењето

Светската недела на доењето која започнува на 1 август секаде низ светот се одбележува со корисни панели, дискусии, како и организација на работилници за едукација на идните мајки. Како група на мајки, кои ја водат ФБ групата Поддршка на доењето во која ни се приклучија советнички за доење, Даница Ивановска Лепојевиќ и Анастазија Терзијева Илиева и Женски центар Астарта ќе се приклучиме во одбележувањето на светската недела на доењето преку неколку активности кои ќе им користат на многу идни и сегашни мајки кои се на самиот почеток од доеничкиот стаж.

Сите мајки кои сакаат да ги инспирираат и мотивираат идните доилки, може да ни се приклучат преку споделување на својата успешна доеничка приказна.
Сите собрани приказни ќе ги искористиме за јавно споделување на нашите фан страни, фб групии блог. Преку кампања „Од мајките кои дојат за мајките кои ќе дојат„ сакаме да им искажеме подрршка и да им дадеме поттик на сите оние кои допрва ќе започнат со својата доеничка приказна.
За ова повеќе може да се информирате на следниот линк:

Освен ова, во соработка со Астарта ќе можеме да учествуваме на панелите на кои ќе се дискутира отворено за се она што е поврзано со доењето, а информации може да добиете тука:

Најважно за сите идни мајки е да се едуцираат и информираат за доењето уште во текот на бременоста за да можат да се соочат со сите предизвици кои ги носи овој процес со себе.
За таа цел, Астрата организира и бесплатна едукативна работилниза за бремени жени, а може да се пријавите на следниот линк:

Ве повикуваме сите вие кои сте заинтересирани да дадете поддршка и да се информирате да ги посетите горенаведените активности и сите заедно да ја одбележиме светската недела на доењето.

No comments:

Post a Comment