Tuesday, August 1, 2017

Поддршка на доењето: „Од мајките кои дојат за мајките кои ќе дојат“ - Лени Џовани

Успешната доеничка приказна на Лени Џовани


Во овој пост ќе прочитате приказна која ќе ве наежи, разнежни и ќе ви даде сила, трпение и мотив да доите. До сега се посветивме на совети со доењето на едно бебе, но еве ви едно поразлично искуство на храбра мајка која дои две близначиња! Мајки, идни и сегашни, верувајте им на инстиктите како мама Leni Govani на чија упорност и желба да им го даде најдоброто на своите ангелчиња и се поклонуваме! БРАВО мамо!
 

„На 06.09.2013г. на свет ги донесов моите две ангелчиња Деана и Дарија. Како неискусна мајка првите 2 дена плачев во болница затоа што цицнуваа по неколку секунди и заспиваа.Третиот ден сфатив дека ми ги носат најадени со ад млеко и веднаш се побунив.Со често расправање и малтретирање персонал некако издржавме цели 8 дена (за мене цела вечност), но кога дојдовме дома се беше поинаку.


Бев цврсто решена да ги дојам и можам да кажам дека првиот месец ми беа 24/7 конектирани на цице. Се среќавав со коментари од типот: "гладни се затоа плачат......дај им вештачко млеко не ги мачи децата.......не можеш да имаш доволно млеко за двете......слабо ти е млекото.......не ги буди за цицање сами ќе си станат и сл."
Бев збунета и исплашена и не знаев што да правам, но на крај решив да си го послушам сопствениот внатрешен глас кој ми кажуваше дека ќе успеам и така и бидна:)
Екслузивно се доевме 6 месеци (без капка вода и чај) и моите деца никогаш не биле дехидрирани.Тука повторно следуваа коментари: "дај им вода жедни се, не им е доволно твоето млеко почни со цврста храна,гладни се затоа се будат итн итн" кои повторно не ги послушав:)) 
Со дохрана почнавме на полни 6 месеци и супер си прифатија се.
Сега сме големи, скоро 15 месеци, јадеме скоро се, но градите и понатаму ни се омилени:)))
Ако ги послушав "сите" моите деца ќе цицаа само неколку дена:(((
Но јас не ги послушав и благодарение на доењето моите деца:
-сите запчиња ги вадеа без поголеми проблеми
-на секое заплачување од страв или болка експресно брзо се смируваа на града
-немале никакви здравствени проблеми
-сите вирусчиња и настинки сме ги поминале на нога и без антибиотици
-ги добиле сите хранливи материи кои им се потребни,како и антитела и знам дека градат силен имунитет

Иако сум ненаспана, претежно уморна, неисфарбана и ретко нашминкана, испогребана и испокасана, јас планирам да ги дојам се додека сами не кажат доста:))
Имаат цел живот пред нив за да јадат се и сешто, но само сега ја имаат приликата да го добиваат најдоброто:))

МАЈКИ ДОЕТЕ СИ ГИ СВОИТЕ НАЈМИЛИ СЕ ДОДЕКА ТОА ВИ ПРЕТСТАВУВА ЗАЕДНИЧКО УЖИВАЊЕ. НЕ СЛУШАЈТЕ СОВЕТИ ОД ОКОЛИНАТА ОСОБЕНО НЕ ОД НАЈБЛИСКИТЕ. СЛЕДЕТЕ ГИ САМО ПОТРЕБИТЕ НА ВАШЕТО НАЈМИЛО И СИГУРНО ЌЕ УСПЕЕТЕ. НЕМА НИШТО ПОЛЕСНО И ПОУБАВО ОД ДОЕЊЕ!!!“
ноември, 2014

No comments:

Post a Comment