Sunday, August 6, 2017

Поддршка на доењето: „Од мајките кои дојат за мајките кои ќе дојат“ - Симона Живкова

Приказната на Симона Живкова

Најтешко е кога мора сам да се соочиш со непознатото. Уште потешко е кога се работи за бебе. Но наша среќа што постојат стручни лица кои несебично одвојуваат од своето време да ни помогнат да ги совладаме препреките со кои се соочуваме како мајки. Таква е приказната на Симона:


Мајка доилка на дете од 2 години и 8 месеци. 

Во однос на доењето и сите мајчински работи почнав да истражувам веднаш одкако дознав дека сум бремена. Мојата преголема љубопитност ме однесе во една ,,Соба за доење,, уште на почетокот на мојата бременост. Таму прочитав многу инспиративни приказни, искуства, мајки борци и јас уште пред да родам бев решена и знаев дека моето бебе ке цица. Ова го кажувам поради тоа што секоја мајка која била цврсто убедена во тоа дека ке успее да дои, успеала. Всушност не количината на млекото, не совршените брадавици или којзнае какво искуство.... Првиот и најбитен услов за успешно доење е волјата на мајката.На мои 22 години со царски рез ја родив мојата царица.. Веднаш по раѓањето ми ја дадоа само да ја бакнам и ме префрлија во шок соба. Ќерка ми си ја видов после два дена. 



Бев во агонија, со ненормални болки и хаос во главата кога ми ја донесоа спакувана како мала кифличка. Само што ја зедов една од сестрите ми помогна да ја ставам на града. Јас поима немав што правам, јас незнаев дека воопшто има млеко во моите гради. Меѓутоа ќерка ми знаеше точно што прави. Таа имаше толку добро развиен рефлекс за цицање што личеше како мене таа да ме учи како треба тоа да се прави. Првите искуства беа тешки, болни, исцрпувачки. Првите неколку дена во болница мислев дека од таму право ке ме препратат во лудница. Кога требаше да и дадам да цица психички се подготвував пред тоа за болката која ме чекаше, ке ја ставев на града, таа цица, ужива, а јас врескам од болка во мене. Кога дојде денот да ме пуштат од болница, бев многу среќна . Си велев фала богу, дома си е дома. Заврши пеколната недела и за мене и за неа. Стасавме дома и уште првиот час сфатив дека сакам да се вратам во болница. Што да му правам на ова бебе? Досега во болницата беше повиена, завиена, цврста. Сега целата опуштена мавта со рачиња ножиња такви малечки слабички, никако ама баш никако не можев да успеам да ја ставам на града. Не знаев како дај фатам, како да ја држам, што да и правам. И знаете, по цел ден на града, болат брадавиците, ме боли целиот абдомен, качување температуа, трески, тврди гради. Хорор филм. Бебе плаче дење ноќе, готово гладно е немам млеко.
Најдовме матична и првото јавување ми кажа земи си ад. Чао!Супер докторке фала ти многу.! Давање ад и прекраснотии. Бебе спие. Цели четири часа. Тоа и се немаше случено одкако си дојдовме. Значи колку ли и бев благодарна на докторката не можете да замислите. И почнав прво да се тешам. Па што, што и фали на тие деца што се на ад, ете се потрудив, не биваше тоа е! А и си зема колострум тоа што е најбитно. Од друга страна. Ама зошто да немам млеко, што му фали на моето млеко. Не се потрудив доволно. Да пробам уште некој ден па ако не бива ке продолжам со ад. За три часа донесувам заклучок, не не бива. Немам млеко. Мора да ја ставам на ад. И тука во тие 24 часа агонијасе појави мојата докторка Јулија, специјалист по лактација во Соба за доење. Жена, докторка, светица. И пишав и и објаснив што се ни се случуваше. Нареден чекор го сменив матичниот доктор на керка ми. Првото нешто што ми кажа др. Јулија е фрли го ад млекото, имаш млеко. Биди упорна, не гледај на саат. Нека цица колку што сака да цицА. Нека биде 24 часа на дојката. Ќе бидете добри. Толку беше сигурна одлучна во она што ми го зборуваше, ми делуваше како моја потсвест. Што да правам многу плака? Има грчеви, нека цица. Дали дадам чај? Не нека цица, кожа на кожа white noise и цице беше лекот кој таа го препорачуваше за секој плач на едно ексклузивно доено бебе. И навистина успеваше. Јас успеав да дојдам 6 месеци ексклузивно. Секој месец качуваше минимално по некои јадни 600 гр. А таа си беше задоволна, буцка, полнеше пелени и повеќе од очигледно беше дека не е гладна.
Моментално мојата керкичка има 2 години и 8 месеци и сеуште цица. Некаде кај 8ми месец одбиваше да цица од едната града, продолживме само со другата. До ден денес цица само од левата града. И да, имам доволно млеко иако цица само од едната града. Секоја наша заедничка солза вредеше, целата наша борба за доење се исплати. Одличен имунитет. Сме имале настинки, вируси, но се сме минале на нога со цице како од песна. Цицето ни е лек за се до ден денес и ништо неможе да го замени. Од срце би ви го пренела целото искуство што го имам.
А клучот за успешно доење е желбата, решителноста, довербата во сопственото тело и природата, доење кога сака и колку сака бебето и под итно елиминација на бабини деветини за стоено млеко, водено млеко, не смееш да доиш кога си трудна итн итн.

No comments:

Post a Comment