Monday, August 21, 2017

Сирење - еден од најдобрите извори на калциум

Еден од минералите што најмногу го има во нашиот организам е калциумот. Тој е потребен за цврстината на коските и за здрави заби., а најдобар извор се млечните производи. Ако децата не консумираат доволна количина на сирење и јогурт секој ден, тогаш нема да можат да ја обезбедат потребната дневна  количина.



Во раното детство, од 2-4 години, децата имаат поголема потреба од оптимални количини на калциум во однос на доенечкиот период, а со возраста количините постепено се зголемуваат. 
Што се случува кога не се внесува доволно калциум во организмот?
  • Коските и забите нема да бидат доволно цврсти;
  • Бидејќи коските ќе растат со побавно темпо, детето нема да ја постигне оптималната висина за неговата возраст;
  • Ќе се наруши активноста на мускулниот и нервниот систем.

Децата треба да добиваат млечни производи секој ден. Тоа е најдобриот извор на лесно искористлив калциум, кој е важен за развојот на коските. Млечните производи содржат корисни протеини, витамин А, витамин Д, целиот спектар на витамините од групата Б, особено Б2 витамин.

Млечнокиселите бактерии го подобруваат варењето на храната, го стимулираат движењето на цревата и ја намалуваат појавата на запек. Исто така, тие го стимулираат развојот на „добрите“ бактерии во цревата со што ги спречуваат цревните нарушувања кои понекогаш често се
јавуваат кај децата. Млечнокиселите бактерии го подобруваат имунитетот и ги намалуваат случаите на алергии кон млекото.


На децата до 5-годишна возраст треба да им се даваат полномасни и млечни производи.
По петтата година се препорачува постепено да се воведуваат производи од млеко со намалена масленост (до 2% масленост). Не се препорачува на деца под 5-годишна возраст да им се даваат млечни производи со намалена масленост од 1% или на деца под 2-годишна возраст да им се даваат млечни производи со делумно намалена масленост.

Има голем избор на млечни продукти, но сега ќе ви го презентираме белото сирење, Президент Салакис, кое ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови.

Бело сирење е вид на бело сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето.Тоа може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав.
Сирењето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, протеини, калциум и фосфор.

Се препорачува децата да консумираат сирење најмалку 25-30 грама, без сол или помалку сол, во зависност од возраста.
Како алтернатива на силните вкусови, може да се користи новото сирење Президент Салакис. Позади својот оригинален и вкусен рецепт со стабилен квалитет и вкус стои Президент, бренд со докажан квалитет и долгогодишно искуство во создавање сирење.



Сирењето Президент Салакис ги заслужува сите епитети бидејќи е произведено од 100% кравјо млеко со врвна техномогија која овозможува да се задржат сите хранливи состојки од млекото.
Самото пакување содржи две заштитни фолии, кои гарантираат целосна заштита на свежината и хигиената на сирењето.
Има уникатна кремаста структура и соленост, со свеж и лесен вкус и мирис, кои го прават соодветен производ за поголеми деца (12+ месеци).

Додадено во готовите јадења, ова сирење овозможува идеален спој на сите состојки и нуди разновидност во кујната за здрави рецепти од Медитеранот.

No comments:

Post a Comment