Thursday, August 31, 2017

Градење на здрави прехранбени навики во семејството како значаен фактор за правилен раст и добро здравје кај децата

Корелацијата помеѓу животниот стил, начинот на исхрана и здравјето денес е научно докажан факт. Факт кој секојдневно го потврдуваме во пракса. Имаме достапни информации и можност за едукација, а науката за храна и правилна исхрана ни дава сигурност во изборот на прехрамбени намирници кои се неопходни за добро здравје, ментална и физичка благосостојба.



Навиките во поширокото семејство и навиките на родителите, односот кој го имаат кон исхраната останува основен модел кој  го следат децата од најраната возраст. На овој модел подоцна се надоргадуваат и други влијанија од опкружувањето, градинките, училиштата, трендовите...

Кога станува збор за поврзаноста на исхраната  и здравјето, секогаш си ги поставуваме овие прашања:
  • Како растевме ние ?
  • Каде учевме што е здрава храна и исхрана ?
  • Кој ги подготвуваше нашите оброци ?
  • Дали е денес исто ?
  • Што е поразлично ?
Денес кога не сме само деца, туку и родители, неопходно е да се посветиме на градење на здрави прехрамбени навики кај децата уште од најрана возраст. Сите навики поврзани со исхраната кои ги воспоставуваат децата во најраната возраст и младоста, често траат цел живот и имаат големо влијание на севкупниот раст , развој и здравје. Родителите имаат можност свесно да  влијаат и да ги обликуваат истите.

Што вели науката - какво е влијанието на  прехрамбените навики во семејството врз здравјето на  децата? Направен и се повеќе студии на оваа тема, меѓу кои ќе ги одвоиме:
  • Студијата на “Институт за истражување на  јавно здравје”  во Англија во која биле вклучени  2 389 деца од 52 предучилишни установи во Лондон. (на перид од 6 месеци )
  • Студијата  на Универзитетот Харвард во САД, каде биле вклучени 16 000 деца од 4-9 год. ( период од 9 месеци)
И децата и родителите пополнувале дневник на исхрана, независно едни од други. Примарната цел била да се добијат  податоци за бројот на оброци кои се конзумираат во текот на денот, каде и со кого  се конзумираат. Помал дел од децата пополнувале и вид и количина на оброк.
Дел од резултатите се многу интересни!

Практикувањето на семејните оброци има најголемо влијание врз здравјето на децата и нивните прехрамбени навики. Дури 63% од децата кои неделно имаат 2 семејни оброци, не конзумираат дневно минимално препорачанo количество   на овошје и зеленчук. (СЗО)

Децата кои имаат неделно 5 семејни оброци, конзумираат просечно 100гр повеке од мин. препорачаниот внес на овошје и зеленчук, и  за 20 % помал внес на брза храна во однос на првата група.
Во оваа група има 12% помалку деца со прекумерна телесна тежина. И 35% помалку појава на нарушувања во исхраната.
Интересен е податокот дека и двете групи јадат 2 пати повеќе овошје доколку им е готово сервирано и понудено од родителите. Разлики во количините на млечни производи и месо кај двете групи се занемарливи.
И во двете групи 80% од децата не јадат одредено овошје или зеленчук кој еден од родителите не сака да го конзумира. Иако истите им се нудат и дома и во градинките.



Студијата од САД, дава интересни резултати поврзани со бројот и видот на оброците.
Децата кои редовно појадуваат имаат за 40% поголеми шанси да го обезбедат препорачаниот дневен внес на витамини и минерали.

Одсуството на појадок покажало дека децата многу ретко можат да го надополнат недостатокот на  нутриенти со другите оброци подоцна во денот и прибегнуваат кон ужинки полни со прости шеќери.

Она што пак ни е случува секој ден е брзиот начин на живот, кој често мислиме дека не ни остава простор за ручек или вечера во кругот на семејството. Лоша вест е што прехрамбените навики кај возрасните се променети во лош правец и покрај фактот дека знаеме колку е важна правилната исхрана. Навиките на возрасните ги прифаќаат и децата. Затоа кога е тешко да се одвои време за мирен семеен ручек, еве уште неколку докажани факти кои ќе помогнат во одлуката да се најде време за истите.
  • Децата учат колку е важно да конзумираат зеленчук.
  • Се запознаваат со нови намирници, семејните оброци се совршена прилика за воведување нови намирници и зголемување на нивната разновидност
  • Овозможуваат контрола на големината на оброците. Порција припремена во ресторан содржи во просек 60% повеќе калории. Но за жал истата има 40% помала нутритивна вредност и 20% повеќе масти.
  • Силен социјален момент. Родителите и децата кои практикуваат семеен оброк имаат 70% помал ризик да западнат во депресија или да се стекнат со различни видови пореметувања во исхраната
  • Семејниот оброк освен добро здравје гради и добри манири и поведение.
  • Ослободува од стрес. Верувале или не, доколку имате стресна и напорна работа планирање и спремање на семеен оброк може да релаксира. Заедничко јадење со најблиските го намалува стресот.
ВРЕДИ ДА СЕ ПОТРУДИМЕ !!!

Дипл. Нутриционист Надица Илиевска

No comments:

Post a Comment