Навиките во поширокото семејство и навиките на родителите, односот кој го имаат кон исхраната останува основен модел кој го следат децата од најраната возраст. На овој модел подоцна се надоргадуваат и други влијанија од опкружувањето, градинките, училиштата, трендовите...
Кога станува збор за поврзаноста на исхраната и здравјето, секогаш си ги поставуваме овие прашања:
- Како растевме ние ?
- Каде учевме што е здрава храна и исхрана ?
- Кој ги подготвуваше нашите оброци ?
- Дали е денес исто ?
- Што е поразлично ?
Што вели науката - какво е влијанието на прехрамбените навики во семејството врз здравјето на децата? Направен и се повеќе студии на оваа тема, меѓу кои ќе ги одвоиме:
- Студијата на “Институт за истражување на јавно здравје” во Англија во која биле вклучени 2 389 деца од 52 предучилишни установи во Лондон. (на перид од 6 месеци )
- Студијата на Универзитетот Харвард во САД, каде биле вклучени 16 000 деца од 4-9 год. ( период од 9 месеци)
Дел од резултатите се многу интересни!
Практикувањето на семејните оброци има најголемо влијание врз здравјето на децата и нивните прехрамбени навики. Дури 63% од децата кои неделно имаат 2 семејни оброци, не конзумираат дневно минимално препорачанo количество на овошје и зеленчук. (СЗО)
Децата кои имаат неделно 5 семејни оброци, конзумираат просечно 100гр повеке од мин. препорачаниот внес на овошје и зеленчук, и за 20 % помал внес на брза храна во однос на првата група.
Во оваа група има 12% помалку деца со прекумерна телесна тежина. И 35% помалку појава на нарушувања во исхраната.
Интересен е податокот дека и двете групи јадат 2 пати повеќе овошје доколку им е готово сервирано и понудено од родителите. Разлики во количините на млечни производи и месо кај двете групи се занемарливи.
И во двете групи 80% од децата не јадат одредено овошје или зеленчук кој еден од родителите не сака да го конзумира. Иако истите им се нудат и дома и во градинките.
Студијата од САД, дава интересни резултати поврзани со бројот и видот на оброците.
Децата кои редовно појадуваат имаат за 40% поголеми шанси да го обезбедат препорачаниот дневен внес на витамини и минерали.
Одсуството на појадок покажало дека децата многу ретко можат да го надополнат недостатокот на нутриенти со другите оброци подоцна во денот и прибегнуваат кон ужинки полни со прости шеќери.
Она што пак ни е случува секој ден е брзиот начин на живот, кој често мислиме дека не ни остава простор за ручек или вечера во кругот на семејството. Лоша вест е што прехрамбените навики кај возрасните се променети во лош правец и покрај фактот дека знаеме колку е важна правилната исхрана. Навиките на возрасните ги прифаќаат и децата. Затоа кога е тешко да се одвои време за мирен семеен ручек, еве уште неколку докажани факти кои ќе помогнат во одлуката да се најде време за истите.
- Децата учат колку е важно да конзумираат зеленчук.
- Се запознаваат со нови намирници, семејните оброци се совршена прилика за воведување нови намирници и зголемување на нивната разновидност
- Овозможуваат контрола на големината на оброците. Порција припремена во ресторан содржи во просек 60% повеќе калории. Но за жал истата има 40% помала нутритивна вредност и 20% повеќе масти.
- Силен социјален момент. Родителите и децата кои практикуваат семеен оброк имаат 70% помал ризик да западнат во депресија или да се стекнат со различни видови пореметувања во исхраната
- Семејниот оброк освен добро здравје гради и добри манири и поведение.
- Ослободува од стрес. Верувале или не, доколку имате стресна и напорна работа планирање и спремање на семеен оброк може да релаксира. Заедничко јадење со најблиските го намалува стресот.
ВРЕДИ ДА СЕ ПОТРУДИМЕ !!!
Дипл. Нутриционист Надица Илиевска


No comments:
Post a Comment