Tuesday, August 29, 2017

Нова препорака: ДА НЕ СЕ ДАВААТ овошни сокови на деца помали од една година

Сок. Многу луѓе го сметаат за здрав напиток, нешто што треба да биде дел од детската исхрана. Но по се изгледа дека воопшто не е здрав и неопходен и не треба да биде дел од детската исхрана. Всушност, Американската Асоцијација на Педијатри (AAP) штотуки излезе со препорака дека децата помали од една година воопшто не треба да пијат сок. Ова е голема промена, за разлика од претходните препораки, кои беа дека бебиња помали од 6 месеци не треба воопшто да пијат сок.


Оваа препорака можеби звучи изненадувачки, но еве зошто експертите го препорачуваат ова:

Сокот нема некоја нутритивна вредност. Да, има некои витамини, аскорбинска киселина во некои сокови која помага на телото да го апсорбира железото. Но секогаш е подобро децата да јадат овшоје (или зеленчук) наместо да пијат сок. Поздраво е и ги содржи сите влакна кои се потребни на телото.

Сокот доведува до појава на кариес, особено кога децата носат со себе шишиња или чашки со клунчиња и пијат по малку, но постојано. Кога децата го прават ова, шеќерот кој предизвикува кариес постојано се задржува во усната шуплина.

Може да доведе до појава на прекумерна тежина. Нашите тела се дизајниратни да ги јадат калориите, не да ги пијат. Не можеме да се заситиме од сок, без разлика колку калории со него пиеме.
Може да доведе до појава на дијареа, особено кај малите бебиња.
Може да пречи при апсорпција на некои медикаменти.


Да, вистина е дека овошните сокови се поздрави од газираните. Но кога станува збор за прекумерна тежина и кариес, овошниот сок не се разликува од газираните, воопшто.
Поентата е дека на децата воопшто не им е неопходен. Вода е единствениот пијалок кој им се потребен на бебињата. И како што е напишано погоре, подобар начин за да се внесе било која нутритивна вредност која овошниот сок може да ја понуди, е да се јаде овошје и зеленчук.

По навршена една година возраст, во ред е да се дава сок на детето, но со некои ограничувања:

Задржете се на еден сок дневно. За деца помали од 7 годишна возраст, доволно е 120 мл сок дневно. За деца од 7 до 18 годишна возраст доволно е 240 мл сок дневно.

Бидете сигурни дека сокот е 100% природен. Постојат многу овошни „напитоци“ кои содржат многу шеќери, но малку или воопшто природни состојки. Читајте ги декларациите внимателно.

Бидете сигурни дека сокот што го давате на вашите деца е добро пастеризиран.

Не давајте да пијат сок во шише со цуцла или чапа со клунче! Ова е многу важно за да се спречи кариес. Ако планирате да ја дадете на детето таа една дневна доза на сок, погрижете се детето да седи и да пие од отворена чаша и да го испие во едно седење. Да не биде тоа нешто што го носи со себе постојано и пие по малку (или вие да го чувате со ташната). Ако сакате да носите некаков пијалок со вас, тоа нека биде вода.


Ова се препораките – и како и кај секоја препорака, и кај оваа може да има исклучоци (ако вашето дете прима суплемент за железо, на пример, докторот сака да даде свежо цеден сок од портокал).
Ако имате било какви прашања во врска со оваа препорака, или за тоа што друго треба да јаде и пие вашето дете, разговарајте со вашиот педијатар.

Оригиналниот текст ќе го најдете на следниот ЛИНК.

No comments:

Post a Comment