Friday, September 1, 2017

Поддршка на доењето: „Од мајките кои дојат за мајките кои ќе дојат“ - Верица Андоновска

Приказната на Верица Андоновска

Оваа мајка доилка има зад себе долг доенички стаж и е голем поборник на доење, особено без заддршки и по барање на бебето. Ова е нејзината приказна во која има доста совети и искуство кои ќе им помогнат на мајките кои се на почетокот на доењето.


„Мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето и доењето е оптимален начин да се нахрани бебето. За да се постигне оваа цел, на мајките им се потребни информации, учење и вештини. Затоа странава во која членуваме овозможува полесно да споделуваме, да добиваме одговори на прашања и да се поддржуваме меѓусебно. Сакам да дадам неколку совети на младите мајки-доилки и на идните мајки кои допрва ќе дојат.



Пред се да се среќни и задоволни што имаат млеко и што нивното бебе сака да цица. Да бидат ведри и насмеани секогаш. Така полесно и поуспешно се дои. Секоја доилка има своја положба во која и е најудобно да дои, затоа да се пронајде таа положба и да се ужива во доењето. На вовлечените и мали брадавици да си стават "силиконски брадавици" и така доењето ке биде полесно и побезболно а брадавиците ќе се извлечат и ке се формираат големи и цврсти и понатамошното доење ќе биде полесно. Употреба на гел за испукани брадавици многу помага. Почеста тоалета на градите само со млака вода е одлично освежување за големите и полни гради а и доволна хигиена на градите во текот на денот. Носење на "блазници за доење" во градникот кои ќе го впиваат вишокот млеко. Здрава и разноврсна исхрана, дополнета со витамини препорачливи за доилки. Многу течности, посебно вода допринесуваат да се има повеќе млеко.
Секогаш кога бебето ќе посакаше да цица му давав, без разлика на кое место. Во ресторани, кафичи, иготеки, на плажа, во молови. Цицавме и на аеродром во Мадрид, во ексклузивниот ресторан на Сани Ресорт, на сред Капали чаршија,.. без користење на покривка. Никогаш и никаде не ми беше дофрлено поради доењето во јавност. Во убав спомен ќе ми остане сликата како цица од една дојка а другата дојка ми ја држи со рачето за да биде сигурно дека и неа ке ја цица после, дека има уште...
На сите мајки-доилки, ви посакувам успешно доење и што подолг стаж во доењето. Мојот беше 22 месеци со Томи, а со Ана 42 месеци, до касно оваа пролет. Многу тешко се разделивме со цицата

No comments:

Post a Comment