Sunday, September 24, 2017

Нови рецепти во апликацијата Бебе Готвач - Вкусни намази и рижото

Едни од најчестите прашања кои ги имаме за секојдневното мени е што вкусно и здраво да подготвиме за појадок или вечера на поголемите дечиња, а да е поразлично и примамливо за малите. Со што да ги замениме традиционалните намази кои ги има низ маркетите, но не се нималку здрави? 


Со цел да ги олесниме овие дилеми, во апликацијата додадовме два рецепти за здрави намази кои се подготвуваат многу брзо. 

Авокадото е плод со неутрален вкус, затоа е погодно за подготовка на овошни, зеленчукови оброци, оброци со месо, но и намази. Новиот, брз рецепт за намаз од авокадо побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 12 месеци+.


Во вториот намаз, основната состојка е свежа тиквица и него може да го поодготвите за појадок или вечера за целото семејство. Со мало прилагодување може да направите и прелив за салата која не само што ќе ви биде омилена, туку ќе ги воодушеви и гостите.  Рецептот побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 12 месеци +. 



Бидејќи сезоната на пченка е започната, додадовме и нов рецепт за рижото со пченка. Рецептот побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 11 месеци +. 


Подгответе ги новите рецепти бидете сигурни дека вашите деца ќе бидат одушевени. 

Уживајте во новите вкусови.

No comments:

Post a Comment