Со цел да ги олесниме овие дилеми, во апликацијата додадовме два рецепти за здрави намази кои се подготвуваат многу брзо.
Авокадото е плод со неутрален вкус, затоа е погодно за подготовка на овошни, зеленчукови оброци, оброци со месо, но и намази. Новиот, брз рецепт за намаз од авокадо побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 12 месеци+.
Во вториот намаз, основната состојка е свежа тиквица и него може да го поодготвите за појадок или вечера за целото семејство. Со мало прилагодување може да направите и прелив за салата која не само што ќе ви биде омилена, туку ќе ги воодушеви и гостите. Рецептот побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 12 месеци +.
Бидејќи сезоната на пченка е започната, додадовме и нов рецепт за рижото со пченка. Рецептот побарајте го во апликацијата Бебе Готвач во рецепти за 11 месеци +.
Подгответе ги новите рецепти бидете сигурни дека вашите деца ќе бидат одушевени.
Уживајте во новите вкусови.




No comments:
Post a Comment