Monday, October 2, 2017

Органска храна за сите, секој ден – БИОкулт, Прв центар за органска и здрава храна

На рафтовите во БИОкулт ќе најдете преку 2000 производи, од житарки, ладно цедени масла, сирова и супер храна, органски мешунки, намази без конзерванси, чоколади , слатки без рафинирани шеќери, природни органски сокови, напитоци од житарки и јатки, храна за најмалите без адитиви, природна козметика без парабени, средства за домаќинство - еколошки без штетни хемикалии, безглутеински производи за сите преосетливи на глутен, се само дел од палетата на органски производи.

Изборот е навистина голем и за сечиј вкус, а нивниот професионален тим ќе ве воведе во светот на органската храна.
Во БИОкулт веруваат во:
- Квалитетна, еколошка и нутритивно богата храна ;
- Храна која не е генетски модифицирана;
- Органска храна која е добра за целата заедница;
- Здрав, квалитетен, активен човечки живот;
- Хуман однос кон животните и околината.

Во врска со органската храна и нејзините придобивки, разговаравме со генералниот менаџер на БИОкулт, Иван Јовановски.

Иван, зошто БИОкулт советува на нашите деца да им готвиме храна од органски производи?

Децата со нивната мала големина, брз раст и забрзан метаболизам, се повеќе подложни и поранливи во однос на возрасните. Истражувањата покажаа дека едно дете , е четири пати повеќе изложено од пестицидите во храната отколку возрасните.
Неразвиените органи и системи на новороденчињата се повеќе подложни на оштетувања од токсините во храната. Дигестивниот систем на новороденчињата полесно ги апсорбира токсините, додека неразвиените бубрези не се толку ефикасни во излачување на истите, притоа овозможувајќи им подолго да се задржат во телото.
Исхраната на новороденчињата е сведена на одредена храна, со што ги прави изложени на висок ризик од внес на пестициди.
· Моменталните регулативи за дозволеното количество на пестициди во конвенционалното, не-органско производство на храна се базираат на стандардите за исхрана кај возрасната популација, а не кај децата. Децата неможат да го поднесат тој степен на изложеност.

· Истражувањата покажаа дека органско одгледуваната храна може да биде повеќе хранлива во однос на конвенционално одгледуваната храна. На пример, органското овошје и зеленчук содржат повеќе витамин Ц, и се побогати со некои антиоксиданти, како што се полифенолите. Понатаму, органско одгледуваните јатки имаат подобар извор на протеини во однос на не-органските јатки.

· Органско одгледуваната храна има и подобар ВКУС.

Кои се придобивките од конзумирање на органска храна?

Вистинскиот квалитет и ефектите од органската храна најдобро можат да се согледаат на долгорочно ниво. Оние кои секојдневно користат органска храна не треба да очекуваат придобивките од органска храна да се реализираат на краток рок, бидејќи се што е здраво ги имплицира своите ефекти на долг рок. Затоа се препорачува секој што консумира органска храна истото да го прави константно и во поголема количина се со цел најдобро да се почувствуваат придобивките. Тоа не значи дека луѓето треба повеќе финансиски средства да издвојуваат за долгорочна консумација на органски производи, бидејќи сето тоа воедно претставува и превентива за настинки и болести што всушност можат да прераснат во драстични импликатори на финансиски дефицит кај луѓето.


Со оглед на сето ова, придобивките на органска храна може да се почувствуваат на долг рок и тогаш истите ќе имаат најголем ефект врз здравјето на консументите.
Се препорачува луѓето кога купуваат мала количина на органски производи, откако ќе ги почувствуваат првичните ефекти да не прекинат со понатамошна консумација, бидејќи придобивките во целост се согледуваат со нивна константна консумација.

Денес на пазарот се нудат многу органски производи, домашни и странски. Како да бидеме сигурни дека некој производ е од органско производство?

Со купување на производ со означено лого за органски производ, можете да бидете сигурни дека тој производ е висококвалитетен, строго исконтролиран и има значително повисока содржина на витамини и минерали во споредба со конвенионалниот производ, а козметиката и детергентите за хигиена, се ослободени од парабени и хемикалии, кои ја надразнуваат кожата и се штетни по здарвје.

Едни од најпознатите брендови во вашите продавници се Davert и Био Планете. Кажете нешто повеќе за нив.

Davert  има 30-годишно искуство во индустријата за органска храна, контролирано биолошко одгледување, континуиранo и внимателно следење на секој чекор на производство и гарантирани органски производи - од одгледување до пакување. Овој бренд е специјалист за житни производи со супериорен органски квалитет.


Повеќе од 30 години Био Планете е специјализирана за производство на органски ладно цедени масла. Нудат беспрекорна професионалност и квалитет.  Био Планете е спој на традиционалната производствена метода и современи производни алатки, а пред се дава предност на изборот на суровината , обработката на семето, а потоа се врши со ладно пресување за зачувување на вкусот и хранливите состојки кои се важни за нашето здравје. Производството на органските масла е комбинација со посветеност за развој на органскиот сектор на регионално и национално ниво.

Што би им препорачале на нашите читатели?

Без разлика дали сте гладни за подобро или сте љубопитни, дали сте  од ранливите категории и луѓето со посебни потреби, доколку личното здравје, околината и подобра иднина за сите, е важна за вас, тогаш насочетете се кон нас, ние ви нудиме место каде вашето здравје е на прво место.


БИОкулт од самото постоење го негува филантропскиот дух,  работи на унапредување на условите за подобар живот. Нашата цел е да  создадеме односи на доверба, интегритет, задоволството на клиентите и лојалност. Да обезбедиме најширок избор на природни,  органски, здрави и специјализирани прехранбени производи со највисок квалитет, конкурентни цени и одлична снабденост во маркетите.
Органско, здраво и квалитетно  се 'рбетот на нашата компанија.

Каде може да се најдат продавниците на БИОкулт?

Специјализираните продавници за органска храна БИОкулт се наоѓаат во Градскиот Трговски Центар на вториот кат , во Тафталиџе позади Веро, во Капитол мол.

No comments:

Post a Comment