Wednesday, October 11, 2017

Есенски креативни мотиви во детските чинии

На почеток сме на најколоритното годишно време, кога сонцето порано заоѓа, а нас, сè уште нè држи мирисот на летото. Пред нас се денови кога ветрот и дождот ни носат постудена приказна, растечени носиња и по некоја кашлица заради вирус или бактерија. Есента носи волја за повеќе сон и повеќе тишина, но и поттик на родителите да подготват вкусен и топол оброк за своите најмили откако ќе се вратат од градинка, училиште или од прошетка.
Затоа, решивме да ја обоиме групата Здрава храна, Здрави деца! во есенска боја.


На родителите им поставивме мал есенски предизвик со цел, оброците на децата да бидат креативни, автентични, пред сè здрави, но во исто време да потсетува на есента со цел, да им се раскаже една приказна за есента, за сликата која детето ја гледа. 
На наше огромно задоволство, предизвикот беше прифатен и за само неколку дена, ѕидот во нашата група беше преплавен од вкусни уметнички дела. Ова и не толку неочекувано изненадување е доказ дека родителите кај нас, сé повеќе посветуваат време на добро подготвен оброк.

Освен што изгледа прекрасно така подготвениот оброк, сепак има и нешто повеќе од само уметност во чинија.
Со тоа, децата се стимулраат на повеќе начини како: развивање на детската фантазија и способност да раскажуваат и самите да проектираат сопствена приказна на одредена тема, подобро слушаат, заинтересирани се за оброците (зашто и следниот пат ќе очекуваат или бараат некоја слика), се поттикнува интерес кај детето желбата да ја прошири во поширокиот круг на семејството , каде што не секогаш ни поминуваат здравите навики за храна :) (секоја чест на исклучоците) и најважното, детето знае што јаде, кои намирници се во чинијата, секако со наша помош поубаво да ги запознае.
Ваквите креативни тематски оброци, особено појадоците се дел од една рутина, која за старт на денот нуди позитивна семејна атмосфера, а со малку труд од наша страна ќе се стекнат повеќе вештини кај детето.
Еве, што понудија членовите на ЗХЗД за десетина дена.

Уживајте







Големо благодарам до нашите членови - учесници во есенскиот предизвик:

Азра Муриќ Цулевиќ
Александра Пилатова
Ана Додевска Кожуваровска
Ана Христова
Ани Никушева
Билјана Ѓорѓијоска
Билјана Гушевска
Билјана Сарагинова
Билјана Стефковска
Бојана Алексиќ Митриќеска
Борис Каески
Весна Димовска
Даниела Ѓорѓиевска
Дијана Ивковиќ Милевска
Иван Цеков
Јулијана Божиновска
Јулијана Станислављевиќ
Кристина Мицкоски
Лилика Нико
Магдалена Мелек Нунеска
Магдалена Наумоска
Марија Стојановиќ
Мартика Миљушковиќ
Николина Глигороски
Станка Соколов
Тања Илиевска Зафировска
Тања Јосифова Коцева

No comments:

Post a Comment