Monday, May 28, 2018

М-р Ивана Хаџиванова, психолог, нов член на тимот соработници на ЗХЗД

Многу често слушаме, читаме па и самите се соочуваме со проблемот на нејадење или одбивање на одредена храна. Има многу причини за одбивањето храна, особено на почетокот на дохраната кога бебињата поминуваат низ забрзан развој и секојдневно менуваат навики, однесување, расположение. Промените на средината, здравствен проблем или психолошки, се само дел од причините за нејадење. 
Иако многумина ќе речат дека треба упорност, факт е дека мора да ја познаваме доволно добро детската психологија и да научиме како да постапиме во тие моменти.
За да добиеме вистински одговори, на наше задоволство, во тимот на стручни лица во нашата група Здрава храна, здрави деца! ни се приклучи и М-р Ивана Хаџиванова,психолог, гешталт психотерапевт.
Целта е преку статии поврзани со најчестите прашања околу оваа проблематика да ни даде совети како да се однесуваме како родители и како да го пребродиме тој период на одбивање и нејадење кај децата.


Friday, May 4, 2018

Предизвикот Зимска бајка беше прелесен за нашите членови

Оваа година зимата се почувствува многу лагодно и траеше речиси до минатиот месец, однесувајќи се ненаметливо и бајковито. Ние, зимските денови ги поминавме во смислување начин како да ги мотивираме нашите деца да одберат здрава и разновидна храна, ги употребивме сите вештини и идеи за да оброците бидат поинакви и привлечни и раскажувајќи приказни за храната ги мотивиравме малите нејадачи да внесат витамини плус. 






Monday, April 23, 2018

Наменски рецепти во апликацијата Бебе Готвач - рецепти за подобрување на хемоглобинот кај децата

Најчест проблем со кој се соочуваат родителите на мали бебиња е намален хемоглобин. Дилемата како да го покачат е голема. Дали да употребуваат сирупи или тоа може да го постигнат преку исхранта?

Со цел да помогнеме на корисниците на апликацијата Бебе Готвач, но и на нашите членови во групата, во соработка со нутриционистката Маја Велковска, од диет клуб Нутрика во следниот период ќе објавуваме наменски рецепти. Во првиот круг ќе објавиме рецепти за подобрување на хемоглобинот.