Monday, April 23, 2018

Наменски рецепти во апликацијата Бебе Готвач - рецепти за подобрување на хемоглобинот кај децата

Најчест проблем со кој се соочуваат родителите на мали бебиња е намален хемоглобин. Дилемата како да го покачат е голема. Дали да употребуваат сирупи или тоа може да го постигнат преку исхранта?

Со цел да помогнеме на корисниците на апликацијата Бебе Готвач, но и на нашите членови во групата, во соработка со нутриционистката Маја Велковска, од диет клуб Нутрика во следниот период ќе објавуваме наменски рецепти. Во првиот круг ќе објавиме рецепти за подобрување на хемоглобинот.




Досегашното искуство и споделените случаеви во групата Здрава храна, здрави деца, ни вели дека за период од 2 до 3 недели кај полесни случаеви на намален хемоглобин и 2 до 3 месеци кај потешки случаеви, родителите преку промена на исхраната на своето дете успеале да ја подобрат крвната слика. Без никаква употреба на суплементи и сирупи.


Следете не, гответе според нашите рецепти и на природен начин подобрете ја крвната слика на вашето бебе или дете.

Во апликацијата Бебе Готвач, барајте ги рецептите со ознака за хемоглобин.

За подобрување на крвната слика на вашите деца може повеќе да дознаете од следните статии:
Намирници богати со железо
Како безбедно да ја надминете анемијата кај вашето бебе/дете?

No comments:

Post a Comment