Monday, May 28, 2018

М-р Ивана Хаџиванова, психолог, нов член на тимот соработници на ЗХЗД

Многу често слушаме, читаме па и самите се соочуваме со проблемот на нејадење или одбивање на одредена храна. Има многу причини за одбивањето храна, особено на почетокот на дохраната кога бебињата поминуваат низ забрзан развој и секојдневно менуваат навики, однесување, расположение. Промените на средината, здравствен проблем или психолошки, се само дел од причините за нејадење. 
Иако многумина ќе речат дека треба упорност, факт е дека мора да ја познаваме доволно добро детската психологија и да научиме како да постапиме во тие моменти.
За да добиеме вистински одговори, на наше задоволство, во тимот на стручни лица во нашата група Здрава храна, здрави деца! ни се приклучи и М-р Ивана Хаџиванова,психолог, гешталт психотерапевт.
Целта е преку статии поврзани со најчестите прашања околу оваа проблематика да ни даде совети како да се однесуваме како родители и како да го пребродиме тој период на одбивање и нејадење кај децата.


Friday, May 4, 2018

Предизвикот Зимска бајка беше прелесен за нашите членови

Оваа година зимата се почувствува многу лагодно и траеше речиси до минатиот месец, однесувајќи се ненаметливо и бајковито. Ние, зимските денови ги поминавме во смислување начин како да ги мотивираме нашите деца да одберат здрава и разновидна храна, ги употребивме сите вештини и идеи за да оброците бидат поинакви и привлечни и раскажувајќи приказни за храната ги мотивиравме малите нејадачи да внесат витамини плус.