Friday, May 4, 2018

Предизвикот Зимска бајка беше прелесен за нашите членови

Оваа година зимата се почувствува многу лагодно и траеше речиси до минатиот месец, однесувајќи се ненаметливо и бајковито. Ние, зимските денови ги поминавме во смислување начин како да ги мотивираме нашите деца да одберат здрава и разновидна храна, ги употребивме сите вештини и идеи за да оброците бидат поинакви и привлечни и раскажувајќи приказни за храната ги мотивиравме малите нејадачи да внесат витамини плус. 






На членовите во групата Здрава храна, Здрави деца! им поставивме зимски предизвик наречен #зимскабајка и им оставивме простор во начинот на креирање на оброците на своите деца. Одзивот, како и секогаш беше согласно апетитот на дечињата - за чиста петка! 
Родителите пак покажаа дека дел од своето време со задоволство поминуваат во кујна, креирајќи вистински момент на воодушевување кај секое дете. Со секоја фотографирана чинија, добивме слика за зимските доживувања на семејствата. Па, така, имавме многу снешковци, елки, снег, новогодишни елки, Дедо Мразовци и ирваси, снег, сонце, скијачи. Вака, нашата #зимскабајка доби заслужено место на блогов, како и фотографиите од членовите. 

Уживајте во зимските бајки на децата :) 








Големо благодарам до нашите членови - учесници во предизвикот #зимскабајка


Александра Пилатова
Бојана Алексиќ Митриќеска
Бојана Јовева
Весна Димовска
Елена Јаневска
Емма Зрнцева
Јулијана Божиновска
Кристина Мицкоски
Љупка Малинова
Мила Паламидовска
Шеми Стаменковска

No comments:

Post a Comment