Monday, August 6, 2018

Поддршка на доењето - Дали мајчиното млеко има доволно витамини и минерали за да ги задоволи потребите на бебето?


По повод светската недела на доењето поразговаравме со нутриционистката Маја Велковска во врска со мајчиното млеко и неговаиот состав. Сакавме да подетално да ни објасни дали мајчиното млеко ги има сите потребни минерали и витамини за да се задоволат потребите на бебето. Воедно сакавме и да ги решиме небулозите во врска со адаптираното млеко и и поглешната перцепција за истото како "супер храна".



Маја, дали доено новороденче може да има недостаток од одредени витамини/минерали, протеини или масти, бидејќи мајчиното млеко е „посиромашно“ со одредени нутриенти за разлика од адаптираните млека?

Често пати адаптираните млека се рекламираат како екстра здрави млека, дури и поздрави од мајчиното млеко бидејќи содржат многу витамини минерали, железо и други нутриенти, но вистината е дека на бебето не му требаат многу витамини/минерали и останати нутриенти туку му требаат само онолку колку што му се потребни, а таа количина во потполност ја обезбедува мајчиното млеко до возраст до 6 месеци.

А што со железото? Дали тоа му недостасува на едно доено бебе?

Денеска е многу распространето мислењето дека доенчињата се изложени на полем ризик од појава на дефицит на железо или на анемија, но тоа едноставно не е точно. Мислењето се темели на тоа што мајчиното млеко има малку железо, а адаптираните млека имаат многу железо, па по логиката- повеќе значи и подобро, доаѓаме до заклучок дека адаптираните млека се одличен извор на железо, а мајчиното „сиромашен“ извор на железо. Сепак вистината е дека-доенчињата не се ништо поизложени на анемија и дефицит на железо бидејќи мајчиното млеко е сиромашно со железо- бидејќи тоа железо е екстра апсорптивно, а адаптираните млека мора да бидат богати со железо бидејќи стапката на искористеност на тоа железо е многу мала. Од друга страна малата количина а големата искористеност на железото од мајчиното млеко овозможува целото железо да се апсорбира за да не остане во гастроинтестиналниот тракт и да послужи за раст и развој на непожелни бактерии од гастроинтестиналната микрофлора.

Дали на доенчињата треба да им се даваат разни витаминско/минерални суплементи?

Доколку мајката е здрава и добро исхранета, тогаш оправдана е суплементацијата само на витамин Д, додека сите други потреби за витамини и минерали, протеини и масти се комплетно задоволени со ексклузивно доење се до шестиот месец. Беспотребна суплементација на разни витамини/минерали без конкретна индикација, не се препорачува и секако може да има несакани ефекти.

Од ова може да заклучиме дека иако мајчиното млеко не е “фортифицирано“ со одредени витамини/минерали, здрава и добро исхранета мајка му обезбедува на своето доенче доволни количини на сите витамини, минерали и макронутриенти за задоволување на неговите потреби (освен витамин Д).

Мајчиното млеко е најдобрата храна за вашето новороденче, но во случаи кога доењето е контраиндицирано или невозможно, адаптираните млека се втората најдобра храна за вашето новороденче.

Дополнителни линкови

Поддршка на доењето, група за поддршка на мајки доилки



Писмо од бебето до мајката - за доењето





No comments:

Post a Comment