Monday, September 10, 2018

Био Космос со нови стандарди за квалитет

Денес, слободно можеме да кажеме дека се повеќе родители внимаваат во исхраната на своите деца и органските и био производи се заменуваат со нездравите и брзи оброци, особено купечките.
Но освен што внимаваме на начинот на исхрана и подготовка на храната за семејството, треба да знаеме да одбереме и вистински намирници.

Био Космос на нашиот пазар постои повеќе од 10 години. Компанијата нуди повеќе од 500 производи како: органски, безглутенски и макробиотски производи, жита, тестенини, зимници, супер храни, брашна и постојано се воведуваат на пазарот нови иновативни производи. Сите органски производи се произведени според HACCP и ISO стандарди за квалитет и се сертифицирани од овластена сертификациона куќа. 


Во изминатава година Био Космос помина еден период на транзиција. Водени од новиот менаџерски тим, беа поставени нови стандарди за квалитет, префрлајќи го производството во нова фабрика. Самата фабрика е изградена по сите стандарди за производство и ХАЦЦП стандардите. Во новата фабрика е воведена хигиенска пракса на највисоко ниво, воздушна дезинфекција и соодветна температура на складирање и производство. Набавени се нови машини кои поефикасно и побезбедно ќе ги произведат самите производи и воведени се правила кои ќе го намалат ризикот од одредени оштетувања на самите производи. Ова е само дел од активностите превземени за контрола на квалитетот. 

Голем дел од понудата под брендот „Био Космос“ е домашно производство на компанијата „Аронија здрава храна“.
„Соработката со домашните производители е одлична, а органското овошје и зеленчук е се` повеќе застапено на нивните ниви. Од нив, како суровини набавуваме овошје, зеленчук и жита. Забележуваме дека и во овој сегмент владее здрава конкуренција, што е одлично, бидејќи само така ќе созрее пазарот на органски производи. Задоволство е да се каже дека огромен дел од органските производи кои ги продаваме се македонско производство и тоа ќе остане наша определба и во иднина.“- вели сопственикот Марио Мирсинов.


Во иднина од Био Космос може да очекуваме уште многу разновидни производи. Најголемиот дел од проширувањата ќе бидат во сегментот на органската храна, а мора да го истакнеме подбрендот „RawCoon“, кој е само за сирови и необработени производи. 
„Во овој момент под овој бренд имаме само два производи, и тоа на лимитиран број продажни места, а во најблиска иднина понудата ќе ја збогатиме и со нови. Ќе понудиме пијалоци од комбуха, барови од свежо овошје, сирови јатки и семиња……Овој чекор е неопходен бидејќи има луѓе на кои им значи производот да е сиров, природен и термички или хемиски необработен. На тој начин производите ги задржуваат витамините, минерали и други корисни состојки. Листата на бенефити од консумирањето сирова храна е голема за кожата, дигестивниот систем, спиењето, енергијата, заситените масти во телото, подобрена совест итн. Тоа е начин на живот, но секако, во разумни граници бидејќи има и негативна страна, на пример опасностите од бактерии при конзумирање на живи јајца или месо.“- вели Мирсинов

Освен што производите на  Био Космос можете да ги најдете во поголемите маркети низ Македонија, како и специјализираните продавници на Био Космос во Скопје, Велес, Битола и Охрид, може да се нарачаат и преку нивната веб страна. Особено пакетите како оние за патување, безглутенски пакет, хроно сет, женски баланс сет.

No comments:

Post a Comment