Thursday, September 27, 2018

Како до го подобриме имунитетот кај бебињата и децата?


Есента веќе пристигна, а темературите, несоодветни за овој период од годината, се прилично ниски. Најмалите се веќе во градинките, а и школската година е одамна е започната. Еден од најголемиот проблем на родителите токму овој период се настинките и вирусите. Затоа, во разговор со нутриционист Маја Велковска од Нутрика, ќе се потрудиме да ви ги дадеме потребните информации како да се избегнат досадните настинки или барем да се ублажат симтомите на најчестите вируси кои децата ги добиваат во градинките и школите.
ЗДЗХ: Есента и почетокот на школската година  е период во кој децата најчесто настинуваат. Кои се причините за честите настинки, растечено носе, темература?

Маја: Вообичаени причина за настинки, растечено носе и температура се вирусните инфекции, но секако причина може да бидат и бактериски инфекции, алергии и останати состојби кои се многу поретки од вирусите. Постојат неколку теории за тоа зошто во зима настинките се почести а некои од нив се: помали количини на витамин Д во крвта, послаба циркулација поради ниските температури итн. Но кои и да се причините нам најважно ни е тоа како најбрзо да ги надминеме овие нешта.

ЗДЗХ: Што е потребно да сторат родителите за полесно да се совлада настинката и болеста и отсуството во градинка и училиште да се сведе на минимум?

https://www.facebook.com/dietklubnutrika/
Маја: Кога детето е во контакт со поголем број на деца и возрасни нормално е да настинува почесто бидејќи е во контакт со поголем број на вируси и бактерии. Со оглед на тоа што не можеме да „избегаме“ од микроорганизмите кои ги предизвикуваат горенаведените состојби, треба на најдобар можен начин да се соочиме со нив, т.е. да се опоравиме што побрзо од настинката, а симптомите да бидат што полесни. Сето ова е можно само ако имуниот систем на децата е во најдобра можна форма. Значи она што родителите можат да го превземат е да користат некои природни „додатоци“ во исхраната за кои е познато дека го зајакнуваат имуниот систем и овозможуваат побрзо опоравување од разните вирусни или  бактериски инфекции.

Правилна и здрава исхрана го зајакнува имунитетот. Во организмот треба да се внесуваат неколку помали редовни оброци кои треба да содржат доволно: витамини особено Д како што ни кажа Маја, но витамините Ц и А , минерали, антиоксиданси. Стручните лица препорачуваат и јужно овошје, грозје, јаболки, бадеми но и природни овошни сокови. Од зеленчук издвојуваме: кромид, лук, зелка, патлиџан, пиперки, брокула.
Во недостаток на свеж зеленчук во престојниот период доволно витамини обезбедува и домашно подготвената зимница како и залихите на овошјата и зеленчуци. Протеини и минерали се внесуваат пилешката супа, посно месо, месо од живина, риба, печурки и млечни производи со малку масти.


ЗДЗХ: Многумина од нас користат разни препарати за подигнување на имунитетот и за полесно совладување на настинките. Што е добро да се дава на децата, особено најмалите, а тоа да е природно?

Маја: Антивоспалителните и антиоксидативните својства на ѓумбирот се надалеку познати а се докажани и со некои студии, па така ѓумбирот секако би бил една од намирниците која ја препорачуваме за подобрување на работата на имуниот систем. Од клучна важност за работата на имуниот систем е и витамин Д така што суплементацијата со витамин Д во зимскиот период не е неопходна само за правилен раст и развој на коските туку и за правилна функција на имуниот систем. Јаворовиот сируп исто така е добар извор на антиоксиданти, одредени витамини и минерали, а студии изведувани врз глувци покажуваат и дека има многу позитивен ефекти врз здравјето на црниот дроб. Антимикробните својства на медот се далеку познати, а тој содржи и антиоксидантни и антивоспалителни состојки и е уште еден добар подобрувач на имунитетот кај децата и возрасните. И циметот има антивоспалителни својства и може да се користи за подобрување на имуниот одговор. Маџунот е извор на корисни состојки  кои се наоѓаат во грозјето, а сега се многу поконцентрирани и можат да помогнат во изградба на подобар имунитет. Во грозјето и маџунот има соединанија познати како проантоцијани и антоцијани за кои се смета дека ја подобруваат функцијата на Т-клетките-кои се дел од нашиот имун систем.


Од  природните намирници кои ги наброја нутриционист Маја Велковска, а можеме да ги искористиме за подобрување на здравствената состојба на најмалите, но и за нас возрасните,  ви ги предлагаме следните:

Мед:
http://www.biocosmos.mk/organic-honey

Легендата вели медот е храна на боговите.  Медот е природна слатка течност која содржи преку 90 скапоцени состојки, меѓу кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините и е здрава алтернатива на природниот шеќер.
Медот е одличен антиоксиданс и ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото.
Наш предлог е ливадскиот мед  кој се препорачува кај алергии и за јакнење на имунитетот.

Цимет:
http://www.biocosmos.mk/organic-ceylon-cinnemon-powder-100-g

Научниците сметаат дека циметот е една од најефикасните билки со долга листа на позитивни ефекти врз здравјето. циметот има и аниоксидативни, антибактериски, антивоспалителни и антиканцерогени својства. Оние кои патат од чести настинки треба еднаш дневно во текот на три дена да консумираат една лажица мед со ¼ лажица цимет. На овој начин ќе се ослободите од кашлањето, постојаното кивање и болките во синусите. Цејлонскиот цимет можете да го јадете во неограничени количини, додека за останатите видови цимет има ограничена употреба.

Аронија:
http://www.biocosmos.mk/aronija-sok

Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Здравствениот бенефит од користење на аронијата е огромен, а една од одликите е дека го спречува развојот на вирусните и бактериските инфекции

Ѓумбир:
http://www.biocosmos.mk/umbir

Коренот од ѓумбирот содржи етерични масла и лути состојки (гингерол), кои го смируваат нервниот систем, го поттикнуваат лачењето на плунка, желудечните сокови и жолчката. Со тоа мастите побрзо согоруваат. Оваа состојка ја поттикнуваат и работата на цревата и исфрлањето на штетните состојки од организмот. е уште со сигурност не се знае како ѓумбирот дејствува против мачнина, но американските експерти потсетуваат дека некои претходни истражувања покажале дека ѓумбирот во цревата дејствува како јак антивоспалителен агенс.





No comments:

Post a Comment