Monday, November 5, 2018

Брзи, вкусни и здрави пудинзи

Верувам секој од вас се соочува со недостаток на време и идеи за едноставен, вкусен и брз десерт. Тргнувајќи од себе, кога има денови во кои буквално се бориме со времето и работните обврски, семејството и подготовката на оброците, прошетките и игрите со децата, решивме да споделиме неколку едноставни рецепти кои се подготвуваат за неколку минути.
Главната состојка во рецептите кои ќе ги споделиме е чиа семе. 




Многумина знаат да не прашаат зашто ја користиме, особено што не е нешто традиционално и дел од македонската кујна.
Првиот и најважен одговор е затоа што се што се подготвува со неа е брзо. Останатите причини се придобивките од ова семе и неговата нутритивна вредност. Пред да ви ги објасниме рецептите, на кратко ќе ве запознаеме со чиа семето.
Ова цветно растение е со потекло од јужниот дел на Мексико и Централна Америка. Употребата на семето кое го дава е од пред илјадници години и било важен дел од исхраната. Причината за тоа е балансираната мешавина на протеини, јаглехидрати, масти и растителни влакна. Чија семето е богат извор на есенсијални масни киселини како Омега 3 и Омега 6, а содржи и витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.

Токму се ова што го наведовме е причина за употребата на чиата во нашите оброци и десерти. 




Нејзината употреба е со голем спектар, од додаток во оброк до главна состојка.
Денес ви преставуваме три рецепти, за сечиј вкус. Бидејќи чиата, а и поголемиот дел од намирниците според нашите табели се над една година, ги препорачуваме за подготовка на поголеми дечиња.
Производите кои ги користевме се од богатата линија на Биокосмос и може да ги најдете во поголемите маркети како и во продавниците за здрава храна.

Чиа пудинг со кокос

За љубителите на кокосот, овој десерт ќе ги надмине очекувањата на богат вкус и свежина. Едноставен, со само неколку намирници, овој десерт ќе ви заштеди време и ќе ви ги задоволи апетитите за нешто слатко.




Потребни намирници:

кокосов шеќер или мед како засладувач

Подготовка:

Во кокосовото млеко прво се ставаат зачините односно ванилата и засладувачот кој сте го одбрале. Се додава чиа семето и повремено се меша за да не се залепат семињата. Доволни се 10-15 минути за да набабрат семињата. Отако ќе ставите половина од семето во чаша ставате кокосов чипс па преостанатиот пудинг. Декорирате со кокосов чипс кој дава дополнителен шмек на овој супер брз рецепт

Есенски чиа пудинг

Јаболката и циметот се нешто што веднаш асоцира на есен. Токму затоа се дел од овошниот пудинг кој ни е втор предлог за десерт.


Потребни намирници:

150 мл  млеко ( може да користите кравјо млеко или било кое растително млеко кое го сакате
3 мали лажички чиа семе
половина јаболко од сортата Делишес
една лажичка мед
цимет 

Подготовка:

Во млекото прво се ставаат зачините и медот. Се додава чиа семето и повремено се меша да не се залепат семињата. Доволни се 10-15 минути за да набабрат семињата.
Јаболкото го сечката на коцки. Откако ќе ставие половина од пудингот во чаша се додаваат сечканите јаболки, па преостанатиот дел од пудингот. Декорирате со парчиња јаболко и цимет.

Чоколаден чиа пудинг со вкус на лешник

Најомилениот рецепт на крај :) Оние кои не можат да одолеат на богатиот вкус на лешник и чоколадо верувам дека ќе се воодушеват од овој рецепт. Едноставно нема да ве остави рамнодушни, особено путерот од лешник чиј вкус и состав е природен


Потребни намирници:

150 мл  млеко ( може да користите кравјо млеко или било кое растително млеко кое го сакате
3 мали лажички чиа семе
2 лажички путер од лешник
1 лажичка какао
мед

Подготовка:

Во млекото ставете ги путерот, какаото и медот и мешајте додека не се растопат. Се додава чиа семето и повремено се меша да не се залепат семињата. Доволни се 10-15 минути за да набабрат семињата. Декорирате со какао, малку мед и за уште побогат вкус лажичка путер од лешник.

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.

Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.



No comments:

Post a Comment