Авокадото заради својата структура и кремавост е одлично за
воведување уште во почетокот на дохраната на бебињата, односно од 6+ месеци.
Авокадото често го нарекуваат „совршена храна“ на природата, бидејќи може
да се рече дека содржи се што човек треба да се преживее. Одличниот состав кој
содржи "добри масти" е храна
за мозокот на бебето и физичкиот развој, па затоа погрижете се авокадо да го внесете во првите намирници
во бебешката храна, наместо на
рафинирани житарици.
Месни протеини, масни киселини, витамини и минерали, сите
тие се наоѓаат во едно овошје. Авокадото содржи многу калиум, а заедно со
натриумот што го внесуваме преку солта ги штити артериите од оштетување. Солта
што ја внесуваме во големи количини претставува ризик за срцето и
кардиоваскуларниот систем, а внесувањето на авокадо кој ризик се елиминира во
голема мера.
Фолната киселина во едно авокадо е претставува 23% од
дневните потреби и игра главна улога во заштитата на срцето, а кај бремените
жени е многу битна бидејќи спречува плодот да добие било какви аномалии.
Комбинациите кои можете да ги правите со ова овошје се
безбројни, токму поради неговата структура и неутралниот вкус. Можете да го
комбинирате со банана, круша, јаболко, да го давате како baby finger food исечено на резанки, да
направите вкусен и здрав намаз во кој ќе додадете малку лук и пиперка.
Комбинирајте со она што вашето бебе или дете сака да го јаде.
Кога купувате авокадо за да знаете дали е зрело,
притиснете. Треба да е благо меко. Ако купите поцврсто авокадо, слично како и
бананите, оставете го да созрее. Ако не го користите целиот плод за еден оброк,
половината која ќе ви остане ставете ја во фриижиред, но не ја вадете семката и
добро завиткајте во пластична фолија.
No comments:
Post a Comment