Тиквата е одамна позната како симбол за регенерација и
долговечност.
Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета
каротен и витамин Е. Тие се силни антиоксиданси и се важни за превенција и
борба против ракот.
Благодарение на целулозата која ја содржи тиквата, таа
поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на
организмот од штетните отпадни материи.
Тиквата е добар лаксатив и помага при лекувањето на
воспалителните промени на цревата и го спречува ракот. Се препорачува и за
лекување на акните.
Богатството на природно избалансираните витамини и минерали
во ткивата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и за поголема
ментална свежина и виталност.
Семките од тиква содржат околу 30% незаситени масни
киселини и богати се со минерали, као железо, цинк, фосфор и селен, кои се јаки
антиоксиданси.
Најважното лековито декство на маслото од семки од тиква е
подобрување на функцијата на простатата. Се препорачува да се користи како
нерафинирано масло за салата и да биде често присутно во исхраната кај мажите.
Покрај тоа, маслото од семките од тиква влијае и на
зајакнувањето на потенцијата, го забрзува постоперативното закрепнување и ја
подобрува и општата состојба на организмот.
Со грицкање на семки од тиква се внесуваат многу здрави
хранливи материи: протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна,
витамини и минерали.
Од плодот може да се подготви супа, пире, разни слатки,
пити, колачи, леб. Нјачесто ја јадеме печена, понекогаш зачинета со ореви и
мед.
Во бебешката исхрана се воведува во почетокот на дохрната
односно на 6+ месеци. Може да се коминира со зеленук и овошје. Може да ја
печете или да ја зготвите на пареа. Комбинациите се бескрајни, а бебињата ја
сакаат.
No comments:
Post a Comment