Monday, August 29, 2016

Колку време смее да седи бебешката храна во замрзнувачот?

Мајките најчесто ја замрзнуваат бебешката храна за да си го олеснат секојдневието, односно не секогаш се во можност да подготват храна во дадениот момент, а не сакаат да користат готови производи. 


Некогаш немаат време, некогаш треба да го остават бебето на друг да го чува, а се случува и времето поминато над шпоретот да го искористат за прошетка со децата. Се е тоа во ред и сосема нормално. Иако ретко која мајка прави залихи за долг период, обично замрзнатата храна се користи за неколку седмици, сепак ви направивме табела која храна колку време смее да стои во замрзнувачот:
  • Зготвен зеленчук и испасиран во пире 6-8 месеци
  • Зготвено овошје и испасирано во пире 6-8 месеци
  • Телешко и јагнешко 4-6 месеци
  • Живина 4-6 месеци
  • Бела риба 6-8 месеци
  • Масна риба
  • Сецкана сланина и мелено месо 2-3 месеци
  • Супи сосови 3 месеци
  • Леб 2-3 месеци
Неколку совети пред да ја замрзнете храната:
  1. Нема потреба од стерилизација ако бебето е 6+ месеци и садовите во кои ќе замзнувате не се во допир со млечни продукти, но осигурајте дека се сосема чисти
  2. Проверете дали замрзнувачот ја има неопходната темература ( под -18°C)
  3. Секогаш оладете ја храната пред да ја замрзнете
  4. На кесичките или тегличките во кои ја замрзнувате храната секогаш залепете ливче на кое ќе ја запишете датата.
  5. Ако замрзнувате храна за поголеми деца, користете интересни калапи, а коцките можете да ги ставите во свежо исцеден сок
  6. Истата постапка можете да ја користите за да замрзнете домашен и здрав сладолед од овошје, па и зеленчук. Можете да купите специјални модли или само да ставите стапче во оние што ги имате.
Храна која не се замрзнува:
  • Тврдо варени јајца
  • Живи јајца во лушпа
  • Воденкасти овошја и зеленчук како: лубеница, зелена салата, диња, краставица
  • Лиснати билки како босилок
  • Сосови чија основа се јајцата како мајонезот
  • Млечни производи со ниско ниво на масти како: обичен јогурт, урда

Совети за одмрзнување и подготовка на смрзнатата храна:
  • Загрејте ја целосно замрзнатата храна, а потоа дозволете да се олади пред да ја послужите
  • Слободно замрзнете веќе замрзната па зготвена храна (пример:од одмрнзатото пилешко месо сте подготвиле оброк, а остатоците можете повторно да ги замрзнете) 
  •  Подгревајте онолку храна колку што мислите дека ќе биде доволна за бебешкиот оброк
Совети за одмрзнување и подготовка на смрзнатата храна:
  • Храната треба да се изеде истиот ден кога била одмрзната 
  • Топлете ја докрај храната за да бидете сигурни дека се уништени можни бактерии 
  •  Не замрзнувајте живо месо кое веќе било одмрзнато 
  • Не подгревајте повеќе од еднаш веќе одмрзнат и подгреан

No comments:

Post a Comment