Tuesday, August 30, 2016

Правилно замрзнување на зеленчукот и овошјето

Замрзнувањето на зеленчукот и овошјето е одличен начин да се подготват свежи залихи за зима, а одличен начин за чување на мали порции храна за вашите деца. Екстремно ниската температура го запира растот на микроорганизмите и ги забавуваат промените кои водат до расипување на храната. Квалитетот на замрзнатиот зеленчук и овошје зависи од квалитетот кога е свежо - колку се посвежи и позрели зеленчукот и овошјето, особено ако се дојдени директно од градина, најдобри се за замрзнување.


Ако не може да се замрзнат веднаш по бербата, треба да се чува во фрижидер за да се задржи свежината. Одреден зеленчук и овошје не се замрзнуваат (марула, краставица, домат, диња, лубеница, портокал итн.) освен ако не се користи за готвење или сок.
Брокулата и карфиолот: добро се мијат под млаз вода. Со цел да се отстранат сите инсекти кои повремено се наоѓаат во цветот, пред бланширањето може да се чуваат половина до еден час во солена вода или вода со сода бикарбона. Овој зеленчук се бланшира 3 минути во вода што врие или во сад на пареа. 

Боранја, грашак и пченка:се мијат доборо и се чистат. Се бланшираат 3 минути.
Модар патлиџан: се мие, се сече на парчиња на дебелина од половина сантиметар, се става во солена вода 5 минути, а потоа се бланшира 4 минути.
Блитва, кељ, прокељ и спанаќ: се бланшираат 2 минути.
Целер и пашканат: се мијат и се сечат на парчиња, се бланшираат 2 минути.



Тиквички: се чистат и се лупат, се сечат на парчиња или се дупчат за полнење. Се бланшираат 2минути.
Домати- се сечкаат, се бланшираат кратко 60-90 


На следниот линк ќе прочитате зашто се бланшира и како правилно да ги бланширате залихите: http://zhzd.blogspot.mk/2016/08/blog-post_51.html

Свеж и сецкан зеленчук
Некои видови зеленчук треба само да се измијат, исецкаат, да се спакуваат ид а се стават во замрзнувачот. За нив, и замрзнувањето и одмрзнување е обична и едноставна постапка. Зеленчук кој не бара дополнителен третман пред замрзнување се кромид и пиперка. По овој зеленчук се сецка, добро се пакува во кеси и се чува во замрзнувач. Тоа особено е важно за кромидот, најдобро е да се пакува во дупла кеса, за да се спречи ширењето на мирисот за да не се пренесе на другата храна во замрзнувачот.


Свежи билки (магдонос, листови од целер,  итн.) се мијат под млаз вода, се сушат и се ставаат во кеса за замрзнување.

Зелени и црвени пиперки не треба да се бланшираат, само да се исчистат од семки.
Без разлика кој зеленчук го замрзнувате и дали треба бланширање или не, најдобро е да го ставите во послужавник и да го ставите кратко во замрзнувачот да стегне, па потоа да го пакувате во кесички или пластични садови за замрзнување. На овој начин нема да се залепат, па вадењето ќе ви биде многу полесно и поедноставно и секогаш ќе ја зивадите количината која ви е потребна за оброкот.
Можете и да си направите микс од неколку видови зеленчук, она што најчесто го готвите.


Варен зеленчук
Пред замрзнување треба да се свари следниот зеленчук: репка, тиква, сладок компир, моркови (пире од моркови). По готвењето, кога ќе се олади, овој зеленчук се пакува во кесички или пластични кутии. Печена црвена пиперка може да се остави со лушпа и да се излупи полуодмрзната.

Што не треба да се замрзнува!
Некои видови зеленчук не треба да се чува во замрзнувач бидејќи ја губи својата форма и корисни состојки и по одмрзнувањето не е за употреба. Не треба да се замрзнува следниот зеленчук: цвекло, краставици, зелена салата,  компир, ротквици, зелка.


Останати напомени и совети

Треба да се напомене дека поголемиот дел од зеленчукот треба да се чува замрзнат до 6 месеци. Повеќе од 6 месеци во замрзнувач може да се чува боранија, брокула, грашок, и пашканат, но најмногу до 12 месеци. Подолго чување на зеленчукот во замрзнувачот (над 12 месеци) не се препорачува, бидејќи ги губи корисните состојки, а некој може да биде штете по здравјето по долго чување во замрзната состојба.
 Не треба да се заборави фактот дека еднаш замрзната и одмрзната храна не треба повторно да се замрзнува. Со одмрзнување и повторно замрзнување се губат корисните состојки на зеленчукот, што може да доведе до расипување на истиот.


Како правилно се замрзнува овошјето
 Ако го наберете овошјето или го купите зрело и потоа го обработите и замрзнете во рок од 48 часа од берењето, тогаш нема да ги изгуби нутритивните вредности и можете да го консумирате во текот на зимските месеци.

Овошјето се мие и чисти во ладна или млака вода. Ако замрзнувате јаболки, круши, диња и праски, потребно е да ги излупите, а сливите може, но и не мора. Од овошјето треба да ги извадите семките и да го исецкате на мали парчиња.


Помалите плодови, како шумското или зрнесто овошје, можете да ги оставите цели. Земете послужавник и наредете го овошјето внимавајќи да не се допираат парчињата едно со друго. Ставете го послужавникот и во замрзнувач оставете да стои неколку часа.


Откако ќе се замрзне, ставете го овојшето во пластични кеси за замрзнување или кутии. Пред затворање на кесите обидете се што повеќе да го истиснете воздухот од нив. Иако замрзнатото овошје е здраво, немојте да мислите дека неговите квалитети со стоење во замрзнувачот ќе траат вечно.
До 12 месеци можат да се чуваат: јаболки, јагоди, смокви, сливи и грозје. До 10 месеци: шумско овошје, тиква.

Овошје кое содржи многу вода не треба да се замрзнува, како: лубеница, диња, лимон, портокал, мандарина итн


3 comments:

  1. Убава статија.
    Само една забелешка во делот:
    Модар патлиџан: се мие, се сече на парчиња на дебелина од половина милиметар, се става во солена вода 5 минути, а потоа се бланшира 4 минути.

    *наместо милиметар претпоставувам е сантиметар

    ReplyDelete
    Replies
    1. Да, се мсили на сантиметар :) Ви благодарам на конструктивната забелешка, ќе смениме веднаш

      Delete
  2. Здраво, одлична и многу корисна статија. Имам само прашање околу доматите, има инфо за замрзнување а погоре вика дека не треба да се замрзнуваат домати...Благодарам

    ReplyDelete