Tuesday, August 30, 2016

Зашто го бланшираме зеленчукот?

Бланширање е процес кој е речиси задолжителен за големиот дел од зеленчуците пред да се замрзнат. Бланширањето е всушност  кратко обарување на зеленчукот и овошјето во зовриена вода.

Со практикување на оваа постапка пред да направите залихи ги стопирате сите ензимски активности на зеленчуците и овошјата кои можат да предизвика губење на вкус, боја и текстура.  Исто така со бланширањето се чистат сите нечистотии и организми од површината на зеленчукот и овошјето, се добива интензивна боја  и се забавува губењето на витамините.
 Бланширањето е процес во два едноставни чекори.


Откако ќе го измиете и исечкате зеленукот го ставате кратко во зовриена вода, отприлика од 1-2 минути најмногу, во зависност од тоа што бланширате и потоа со помош на цедалка го ставате во вода со мраз.

Со ладната вода моментално го прекинувате процесот на варење бидејќи не сакаме да ги свариме, туку само да ги обариме зеленчуците.


Откако ќе се оладат ги ставаме на кујнска салфета да се исцедат, па ги замрзнуваме.
Пред да ги ставите во кесичка или сад за замрзнување, овошјето или зеленчукот, најдобро е да ги ставите на послужавник и кратко ( 1-2 часа) во замрзнувачот, па потоа да ги складирате и замрзнете. Вака ќе спречите да се залепат меѓусебе и вадењето ќе биде многу полесно, особено ако ви треба одредена количина за подготовка на оброкот.


No comments:

Post a Comment