Амарантот,
или pigweed, е еден од најздравите зрна. Амарант е вид на житарица, чие име
потекнува од грчки збор, а кој значи "бесмртен". Таа е одличен извор
на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е
сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица.
Истражувањата
потврдуваат дека амарантот се меѓу најстарите житарици во светот. Неговото
потекло е од Централна и Јужна Америка. Со систематско уништување на овие народи,
амарантот речиси целосно исчезнал.
Денес,
доживува повторно откривање. Модерната исхрана му придава големо значење на амарантот
бидејќи содржи висококвалитетни протеини и лизин почесто од другите житни
култури, една од осумте есенцијални амино киселини, која човечкиот организам не
само што не може да ја произведе, туку ја нема и во храната од растително
потекло (но, обично ја има многу во храната од животинско потекло).
Способноста
на биолошката асимилација на своите протеини е поголема од онаа на млеко, соја,
јачмен и пченица.
Амарантот
е посебен по тоа што не содржи глутен и е житарка богата со минерали (калциум,
железо, фосфор, магнезиум). Количината на калциум во амарантот ја надминува онаа која содржи млеко.
Амарантот
во зрно може да се готви, како и други житни култури. Неговото брашно може да
се меша со пченично брашно и да се користи за да се направи леб.
Мајките
го користат во исхраната на бебињата уште на почетокот на исхраната кај
бебињата, односно 6+ месеци.
No comments:
Post a Comment