Таа има благ вкус и децата поради тоа ја сакаат. Зелката
може да го намали ризикот од појавување на рак, го подобрува варењето на
храната и помага побрзо да се исфрлат штетните токсни од телото.
Од зелката може да направите вкусна зелена салата, супа
или пак да употребите некој азиски рецепт бидејќи таа е многу застапена во
азиската кујна.
Идеален рецепт за 12+ Виолетова зелка
Состојки:
- 1 виолетова зелка
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- Целер
- 2 моркова
- Сол, бибер, домашна вегета и мелена пиперка
- Маслиново масло
- Вода
Подготовка:
издинстајте го во вода ситно исечениот кромид. Додадете ги
лукот и целерот, исто така ситно исечени. Потоа додадете ги морковите. Посолете
и промешајте. Додадете ја ситно исечената зелка. Додадете зачини, измешајте и
намалете ја температурата на рерната.
Динстајте и повремено додавајте вода за зелката да не
загори.
Кога зелката е готова, тргнете ја на страна, оставете
малку да се излади и послужете ја.
Добар апетит!
Vegeta 12+ ? Mislev deka za vozrasni se izbegnuva ,a ne za deca...
ReplyDeleteСега е изменет текстот, се мисли на домашна вегета, не на купечка секако
Delete