По повод светската недела на доењето поразговаравме со нутриционистката Маја Велковска во врска со мајчиното млеко и неговаиот состав. Сакавме да подетално да ни објасни дали мајчиното млеко ги има сите потребни минерали и витамини за да се задоволат потребите на бебето. Воедно сакавме и да ги решиме небулозите во врска со адаптираното млеко и и поглешната перцепција за истото како "супер храна".
Маја, дали доено
новороденче може да има недостаток од одредени витамини/минерали, протеини или
масти, бидејќи мајчиното млеко е „посиромашно“ со одредени нутриенти за разлика
од адаптираните млека?
Често пати
адаптираните млека се рекламираат како екстра здрави млека, дури и поздрави од
мајчиното млеко бидејќи содржат многу витамини минерали, железо и други
нутриенти, но вистината е дека на бебето не му требаат многу витамини/минерали
и останати нутриенти туку му требаат само онолку колку што му се потребни, а
таа количина во потполност ја обезбедува мајчиното млеко до возраст до 6
месеци.
А што со
железото? Дали тоа му недостасува на едно доено бебе?
Денеска е многу
распространето мислењето дека доенчињата се изложени на полем ризик од појава
на дефицит на железо или на анемија, но тоа едноставно не е точно. Мислењето се
темели на тоа што мајчиното млеко има малку железо, а адаптираните млека имаат
многу железо, па по логиката- повеќе значи и подобро, доаѓаме до заклучок дека
адаптираните млека се одличен извор на железо, а мајчиното „сиромашен“ извор на
железо. Сепак вистината е дека-доенчињата не се ништо поизложени на анемија и
дефицит на железо бидејќи мајчиното млеко е сиромашно со железо- бидејќи тоа
железо е екстра апсорптивно, а адаптираните млека мора да бидат богати со
железо бидејќи стапката на искористеност на тоа железо е многу мала. Од друга
страна малата количина а големата искористеност на железото од мајчиното млеко
овозможува целото железо да се апсорбира за да не остане во
гастроинтестиналниот тракт и да послужи за раст и развој на непожелни бактерии
од гастроинтестиналната микрофлора.
Дали на
доенчињата треба да им се даваат разни витаминско/минерални суплементи?
Доколку мајката е
здрава и добро исхранета, тогаш оправдана е суплементацијата само на витамин Д,
додека сите други потреби за витамини и минерали, протеини и масти се комплетно
задоволени со ексклузивно доење се до шестиот месец. Беспотребна суплементација
на разни витамини/минерали без конкретна индикација, не се препорачува и секако
може да има несакани ефекти.
Од ова може да заклучиме дека
иако мајчиното млеко не е “фортифицирано“ со одредени витамини/минерали, здрава
и добро исхранета мајка му обезбедува на своето доенче доволни количини на сите
витамини, минерали и макронутриенти за задоволување на неговите потреби (освен
витамин Д).
Мајчиното млеко е
најдобрата храна за вашето новороденче, но во случаи кога доењето е
контраиндицирано или невозможно, адаптираните млека се втората најдобра храна
за вашето новороденче.
Дополнителни линкови
No comments:
Post a Comment