Приказната на Елизабета Барџиева
Па, да раскажам и јас нешто мајкички.
Првата бременост ми беше многу тешка. Носев близнаци, но бидејќи сум мала по раст ми беше претешко. Од сам почеток ми се вратија сите можни болести, а загадувањето придонесе плус за мојата астма да го достигне врвот. Имав секојдневни и постојани напади, притисок 60/30 и бев нон стоп со инфузии и урбазони кога се мораше. Така некако дојде време за главниот скриниг во 6м.кога ни кажаа дека едното бебе има недоразвиено срце (една комора фукционална) и Даунов синдром!
Прогнозите беа дека ако воопшто дочека раѓање, единствено што може да го спаси е трансплантација на срце што беше еднакво на научна фантастика. Решив, како треба така нека биде. Во 31-ва недела ми пукна водењакот и се породив природно. Болничкото бебе - Ноа излезе веднаш, ама Михал се извртел и се заглави и залепи под ребра. По 15 мин. хорор го извадија карлично, едвај.
Еден ден беа заедно во инкубатор а веќе наредниот Ноа го префрлија на Детска клиника. По три дена се потпишав и излегов на моја одговорност. Не бев воошто за излагање, ама депресијата си го направи своето. Ги оставив и двете кој-каде и си отидов со празни раце и душа. Кај Ноа имав посета секој ден, а за Михаил ми дозволија само да се јавувам зошто реновирале во одделот. Млеко ми дојде уште првиот ден кога беа заедно во инкубатор. Како се доближував до нив така почна да тече како река. Си отидов со муабет дека ќе ме побараат за млеко. Ги барав секој ден од кои дали три пати ми кренаа. Секој ден одев кај Ноа и се враќав буквално скршена. Беше на апарати и 300 чуда и страшно се мачеше. Секогаш кога доаѓав плачеше очајно, никогаш нема да ми го заборавам ликот додека плачеше, му се грчеше во болка, ми се жалеше!
Два пати ги отвори очињата и ме погледна, а еднаш ми го отворија инкубаторот и дозволија да го галам. Вечно ќе и бидам благодарна на девојката за тој момент, вечно. И во ваква една атмосфера, јас секој ден се молзев упорно и решив дека Михаил еден ден ќе цица. После три недели ми се јавија да дојдам за млеко, а после неколку дена чекајќи на интензивна кај Ноа се јавија за наредниот ден да си го земеме Михаил.Се израдував на секунда. Толку ми дозволи ситуацијата, на Ноа веќе му беше претешко. Утредента си го земавме Михаил.
Веднаш го ставив на цица и бев убедена дека успешно цица. Наредниот ден ме разбуди телефонот и зборовите : "Мајка бебето ви почина"... Ме скрши болката...Со Михал завршивме пак на клиника зошто не исцицувал ништо. Почнаа со: "Мајка, АД ќе даваш.Ахам, си реков.
Еднаш купив го отворив, видов црви и го фрлив. Молзено пиеше нон стоп, напредуваше добро ама они си тераа со нивното АД. Почна да цица убаво и стана дечко од 6 месеци кога дознав дека сум бремена пак! Веќе на година морав да го одбијам заради агресивната алергија на млеко ама се доевме и уживавме цела година.Се роди и едно прекрасно девојче Талија, која што уште после пораѓај ми ја донесоа со "некаква алергија" која прерасна во екстремно лош атопичен дерматит. На доктор ми рекоа или да ја одбијам или јас на диета. И така издржав година и пол за Талија да цица.
No comments:
Post a Comment