Ќе ја раскажам мојата приказна. Се случи тоа 2015 година во Битола. Моето бебе заглави во родилниот канал. Со рачето преку глава се спушти хоризонтално во каналот.
Пораѓајот беше пеколен. Докторите 7 пати влечеа со вакуум. Во безизлезна ситуација докторката се качи на мојот стомак и со скок врз мене ја истурка мојата Јована, но немаше плач! Бебето беше задушено и модро и со повреди на главата. Ја однесоа веднаш на интензивна.Тогаш и јас изгубив свест.
Ме префрлија во обична соба.Таму сите мајки си беа со своите бебиња, само јас сама.
Два дена на интензивна заради обилни крварења. Помина и тој пекол по кој следуваше уште пострашен. Ми кажаа само да купам пумпа и да одржувам лактација. Така и направив.
Одев во ходник и покрај еден прозор плачев, не сакав никој ниту да ме види, ниту да ме слушне. Дење- ноќе седев со пумпата во раце и се измолзував (Бог знае дали моето млеко стигнуваше таму каде што треба). На моите прашања како е бебето, добивав одговор: “ОТОМ ПОТОМ “. Дали ви се верува?! Во себе врескав. Беа тоа 21 ден во надеж, во болка,во очај, во бес...
Секој ден ги чекав докторите на визита со надеж дека ќе кажат нешто... се беше залудно. Секој ден ист одговор... Ама тоа мајчинското беше најсилно. Знаев дека најдобро што можам да сторам е да вадам капка по капка млеко и да верувам дека моето бебе ќе ме осети така покрај себе во тој проклет инкубатор. Минуваа деновите, пречекав и испратив многу мајки во таа соба...
Тоа беше неописливо...ја ставив на града...како цел живот да беше цицала...Имавме еден час заедно! Јована цицаше цел час,шмукаше небаре правосмукалка. Ќе умрев од среќа. Деветнаесеттиот ден се случи пресврт...ќе полетав од среќа... ми кажаа да отидам на интензивна и да ја дојам мојата љубимка. Господи, се тресев цела, тоа беше првиот спој! Претходно само од далечина ја гледав... не смеев ниту да ја допрам. Ја зедов во раце... Конечно! Иако беше неизвесно за нејзината состојба, овој спој ме охрабри, ми даде сила и надеж...
Денес Јована има 3 и пол години и е здраво дете. Доењето траеше до нејзината 2 и пол годишна возраст кога мама остана пак бремена 😊. За два дена не пуштија дома, бебето покрај мама се опорави многу брзо, тие два дена ја мереја и качуваше на тежина. Беше ведра и повесела. Знаев дека ќе успееме! Знаев!
После вкупно 21 ден,се вративме дома...
Ги охрабрувам сите мајки, да не губат надеж и да веруваат во тоа лавовското во сите нас МАЈКИ и желбата и можноста да дојат.

No comments:
Post a Comment