Со успешно реализирани проекти зад нас под името Бебе Готвач; првата македонска андроид апликација и првиот печатен готвач на македонски со рецепти за бебиња и деца, решивме да го започнеме овој проект со идеја да ја доближиме подговката на здравата храна за најмалите.
Поддршката од нашите членови и фанови повторно ќе донесе до уште еден успешен проект. Знаејќи ги страните на родителството и умешноста во кујната, свесни сме дека родителите, особено мајките имаат ограничено време за едукација, информација и размена на мислење, сигурни сме дека овие кратки видео рецепти ќе им бидат добар водич и инспирација да подготвуваат здрави оброци со минимум поминато време во кујната.
Наскоро, ќе започнеме со објавување на првите видеа кои ги подготвивме. Идеи има за сите возрасти, особено за бебињата кога заради ограниченоста на намирниците, родителите секогаш имаат потреба од нови рецепти за подготовка на бебешкото мени.
No comments:
Post a Comment