Sunday, November 25, 2018

Топчиња со пастрмка, првиот Бебе Готвач видео рецепт

Не треба да бидете мастер шеф за да подготвите здрав, домашен и вкусен оброк за вашето бебе или дете. Токму затоа, да го доближиме готвењето и подготовката на домашни ужинки, оброци и десерти, денес премиерно со првиот Бебе Готвач видео рецепт ќе го најавиме почетокот на овој наш нов предизвик. За прво видео се одлучивме да снимиме подготовка на „Топчиња од пастрмка“, рецепт за бебиња од 10+ месеци.

Совршен оброк за бебиња кои на оваа возраст сакаат да јадат сами, а со додавање на сол, ќе добиете оброк за целото семејство. Се сервираат топли, а како прилог користете сос. Ние ставивме два соса, еден од домашни пастеризирани домати со босилек и  маслиново и за повозрасните деца, а и родителите, млечен од павлака зачинет со свеж рузмарин, лимонов сок и маслиново.

Покрај свежите и здрави намирници, за да добиеме здрав оброк, потребно е да се користи и здрав начин на подготовка, како готвење на пареа.
Ние користевме мултифункционален робот  од бебешката линија на Горење, во кој ја зготвивме рибата и компирот, а потоа го искористивме и да направиме хомогена смеса за подготовка на топчињата. Овој мал гаџет е совршен за секоја кујна особено заради големината и можностите кои ги нуди. Погоден е за готвење на пареа, блендирање, загревање, стерилизирање и сечкање.
Горење

Овошје, зеленчук, месо или риба, може да се готват на три нивоа, заедно или одделно во зависност од потребното време за готвење на пареа. Времето на подготовка зависи од намирницата, но е кратко и додека ги подготвувате останатите намирници не требa да мислите дали е готово или ќе загори.
Готвењето на пареа е најздравиот метод за подготовка на храна, овозможува храната да ги задржи корисните состојки, природната арома и вкус и токму затоа најчесто готвиме на пареа.

Ками

Свежите намирници, како зеленчукот, користен во видеото се од Ками- продавница за овошје и зеленчук каде секогаш има огромен избор на се што ви треба,  особено егзотичните овошки кои ретко ги има на останатите места.
Садовите како и приборот за подготовка кои ги користевме за подготовка на овој рецепт се од Технополис, продавница во која имате се што е потребно за една кујна. 

Технополис
Огромен избор на садови за сервирање, ручање, прибор за јадење, садови за подготовка  на храна, како и гаџети за подготвка на хараната.
Ариза
Престилките се производ од Ариза, бренд каде можете да најдете подароци за бебиња, деца и возрасни. Уникатни и персонализирани парчиња боди, лигавчиња, капи, маици, рамки, пакет подароци, како и декорација за настани и родендени и уште многу производи во нејзината богата понуда.


Топчиња од пастрмка

Потребни состојки:


  • 1 пастрмка
  • 3 компири со средна големина
  • 1 кромид
  • 2 лажици доматен сос
  • 1 лажица брашно
  •  2 жолчки
  •  2 лажици лебни трошки или по потреба
  • 2 лажици маслиново масло
  •  ¼ лажичка босилек




Подготовка во чекори:
  1. Компирот излупете го и исечкајте го на коцки.
  2. Ставете го да се готви на пареа заедно со пастрмката. Гответе околу 20 минути. Кога ќе се зготват, оставете ги да се изладат.
  3. Пастрмката исчистете ја од коски и ставете ја во чинија.
  4. Компирот заедно со доматниот сос, кромидот, босилекот и маслиновото масло ставете ги во процесор за храна и направете пире. 
  5. Потоа пирето ставете го во длабок сад, додадете ги жолчките и лебните трошки. Добро измешајте за се да се соедини.
  6. Ако смесата нема доволна густина да оформите топчиња, додадете лебни трошки додека не ја добиете потребната густина
  7. На крајот додадете ја пастрмката и повторно добро измешајте. 
  8. Рерната загрејте ја на 200 ̊C.
  9. Намачкајте ги рацете со маслиновото масло и со мала лажичка земете од смесата и формирајте мали топчиња. 
  10. На секое топче од горе посипете малку брашно и повторно оформете
  11. На тава за печење, ставете хартија за печење и наредете ги топчињата. Оставете да се печат околу 10 минути или додека да поруменат.
  12. Послужете ги топли и цели за да може бебето да ги јаде само.
Бидејќи количината на овој оброк е голема, со додаваање на сол и вкусни сосови, овие топчиња се совршен прилог за целото семејство. 
Цепосниот рецепт за подготовка на Топчиња од пастрмка ќе го најдете и во апликацијата Бебе Готвач, во 10+ месеци. 
Апликацијата може да ја симнете во Play Store.
Следете не на фан страната на Бебе Готвач, придружете ни се на фејсбук во групата Здрава храна, здрави деца! и набрзо очекувајте нови, здрави и вкусни оброци, десерти и ужинки за вашите бебиња и деца.

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.



No comments:

Post a Comment