Никогаш доста од десерти. Но кога се работи за деца, особено мали, добро е да внимаваме што даваме за да им ја задоволиме желбата за нешто слатко. А секако, најдобро е готовите десерти, слаткиши, колачи, чоколади и слични пакувани десерт да ги замениме со здрави и домашни.
Затоа овој видео рецепт е за десерт, кој може да биде послужен и како попладневна ужинка. Едноставен за подготовка, но превкусен за јадење.
Слободно направете дупла доза, бидејќи иако е наменет за бебиња над 12 месеци, овие вафли ќе го воодушеват целото семејство.
![]() |
| Рецептот може да го најдете и во апликацијата Бебе Готвач |
Со смесата од овој рецепт може да се направат и палачинки, но шмекот кој го има текстурата на вафлите е неодолив и затоа решивме да ви покажаме како ги ние ги подготвуваме.
Богатиот и сочен вкус кој го имаат вафлите е од јатките кои непосредно пред подготовката ги мелевме во Nutri Power блендерот на Gorenje. За да не направиме путер од јатките (бадем и лешник), бидејќи моќноста на овој блендер го овозможува и тоа, ставивме подеднаква количина на брашно (не додаваме нова количина брашно, туку искористуваме од истото кое е во рецептот) и заедно блендиравме. Моторот од 1000 вати го ротира сечилото 20.000 пати во минута, што е доволна моќност за да ги добиете резултатите кои ги сакате. Има два сада кои се разликуваат по големина, означени се со скала за мерење, а ги добивате со капак па можете да си го понесето со вас она што сте го блендирале.
Бидејќи овие вафли се воздушести, белката треба да е изматена во цврст снег. Рачниот блендер на Gorenje кој има широк опсег на додатоци ни заврши работа за да направиме совршен шлаг од белки.![]() |
| Алпско млеко |
Во нивната понуда имаат со различен процент на масленост, но наш предлог се секогаш полномасните млечни производи, дури и оние без лактоза.Несолениот путер на President беше одличен избор за овој благ рецепт.

Технополис беше задолжен за садовите за подготвка, приборот како и чинијата за сервирање. Иако изборот кој го имаат е огромен, камената плоча која ја одбравме токму за овој рецепт ни изгледаше најсоодветна за превкусните вафли.

Во Ками пазаревме бадеми и лешници бидејќи иако се продавница за зеленчук и овошје, имаат многу повеќе во нивните продавници.
Ариза беше задолжена за Бебе Готвач престилките кои одлично ни стојат :).
Рецепт за вафли со брашно од јатки:
(Мерките се за 3 големи вафли)
Потребни состојки:
- 2 жолчки
- 4 белки
- 100гр брашно
- 100гр мелени бадеми (непечени)
- 100гг мелени лешници (непечени)
- 3 лажици кокосово брашно
- 3 лажици кокосов шеќер
- 2 лажички какао
- 200мл млеко
- 1 лажичка пециво
- 4 големи лажици путер (растопен)
Подготовка во чекори:
- Белките ги двоиме од жолчките.
- Ги матиме белките пенесто со две лажици кокосов шеќер
- Ги матиме жолчките со една лажичка кокосов шеќер
- Сувите состојки ги ставаме во длабок сад: мелените јатки, брашно, прашок за печиво и ги мешаме со рачна маталка
- Го додаваме растопениот путер
- ги додаваме жолчките и мешаме со шпатла
- Го додаваме млекото
- Блеките со шпатла постепено, со мешање ги додаваме во сместата.
- Смесата ја делиме на два дела. Во едниот дел ставаме лажица какао
- Го загреваме апаратот за вафли
- Со лажица ставаме од смесата во апаратот, затвараме и печеме
- Ги сервираме со домашен џем од бобинки и путер од лешници
Последно објавено Бебе Готвач видео:
Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.



No comments:
Post a Comment