Tuesday, December 4, 2018

Шејкови за мали и големи

Многумина од нас се соочуваат со одбиваање на одредени намирници и децата едноставно не сакаат да ги јадат. И тоа е сосем нормално, исто како што и ние возрасните не го сакаме секој вкус. Но додека се мали мора и да внимаваме да ги добиваат дневните количини на витамини, минерали, растителни влакна, омега масните киселини. 
А како родители мораме да наоѓаме начин како да ги внесат и покрај тврдоглавото „Не“. Еден од најлесните начини е комбинација на неколку омилени намирници и познати вкусови со она што не сакаат да го јадат. Шејковите се одлични за камуфлажа, па затоа во ова видео имаме 7 различни комбинации за бебиња од 6-12+ месеци. Шејковите се овошни и се супер идеја за родителите чии деца не сакаат овошје.

За да ја добиеме совршената структура на овие напитоци користевме Nutri Power блендер од линијата на Gorenje  кој е специјално дизајниран така да во процесот на блендирање на овошјето и зеленчукот извлече максимална количина на хранливи материи. И тоа за неколку секунди. 

Шејковите за малите бебиња се подготвуваат со овошје и вода, по потреба, додека не ја добиете саканата густина. 

Кај поголемите месеци користевме јогурт Алпско.Во последниот шејк, чиј вкус ќе ги воодушево љубителите на чоколадо и лешник, ставивме Алпско млеко. Во некои додадовме житарки па добивме одлична ужинка, а кај некои користевме зачини и семиња.


Искористивме и некои сушени, но сепак, главното овошје беше свежо, набавено непосредно пред снимањето од КамиЕдинствениот зелечнук кој го ставивме беше тиква, која претходно ја варевме исто како и дуњата.

Чашите кои ги користвме се намерно плитки, бидејќи сепак бебињата се уште не знаат да користат сламки, па да можеме полесно да ги дадеме користејќи лажички. И овој пат се потребно за подготовка, сечкање, сервирање најдовме во Техополис.


Иако оваа подготовка не предизвикува неред во кујната, сепак ги носевме Бебе Готвач престилките од Ариза.
Се надеваме ќе уживате во вкусовите кои ви ги понудивме во нашето најново видео. ледете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.
Состојките за шејковите и подготовката ќе ги најдете во Бебе Готвач апликацијата во соодветните месеци

Потребни состојки:

  1. 6+ месеци- шејк за подобро железо: авокадо, банана, кајсии,  вода по потреба
  2. 7+ месеци- Шејк од тиква: тиква, банана, цимет, вода по потреба
  3. 8+ месеци- Шејк од вишни: вишни, банана, авокадо, јогурт по потреба
  4. 9+ месеци- Есенски шејк: тиква, дуња, круша, цимет, јогурт по потреба
  5. 10+ месеци- Витамин Ц шејк боровница, банана, јаболко, ванила, вода, јогурт по потреба
  6. 11+ месеци: Овесен шејк: овесни снегулки,  авокадо, боровница, брусница, јогурт по потреба
  7. 12+ месеци: Чоколаден шејк: банана, какао, путер од лешник,  мелено ленено семе, мед, млеко по потреба
Подготовката може да ја погледнете на видеото:





                                 Предходно објавено Бебе Готвач видео: 







Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.

No comments:

Post a Comment