Децата ги обожуваат тестенините. Вкусни се, можат сами да јадат и разните форми во кои доаѓаат се интересни за нив. Оброкот со тестенини може на многу лесен начин да го направите во здрав и хранлив ручек или вечера и е идеален за комбинација на зеленчуци кои децата инаку не би ги јаделе. Овој рецепт е инспирација токму од едно дете кое сака да јаде брокула, но не и карфиол, но кога во чинијата има макарони, тогаш секој зеленчук е вкусен.
А за да биде уште позабавно, користиме шарени макарони: црвените се од цвекло, зелените од спанаќ, а белите од леќа.
Ние направивме и превкусен млечен сос, но доколку работите на подобрување на крвната слика, може и да го прескокнете.
За да добиеме природен вкус на зеленчукот и да ги задржиме сите негови нутритивни вредности, го користевме мултифункционалниот робот од бебешката линија на на Gorenje. Овој мал беби робот е погоден за готвење на пареа, блендирање, загревање, стерилизирање и сечкање.
За подготовка на тестенините ја искористивме индукциска плоча, исто така од линијата на Gorenje. Контролата за допир што ја поседува е одлична за семејства кои имаат мали деца бидејќи може да се заклучи со еден допир. А она што ќе ве воодушеви е моќноста и брзината со која таа се загрева, а потоа лади.
Тестенините се варат само во вода, без додавање на масло, па затоа откако се сварија, во макароните ставивме несолен путер од President , совршен за подготовка на оброци за мали бебиња.
Белиот прелив со кој го збогативме вкусот на овој оброк го подготвивме со павлака и јогурт од линијата на Алпско Млеко
Од Технополис набавивме чинии за сервирање и подготовка на овој вкусен рецепт.
Користевме свежа брокула, карфиол и моркови, од целото изобилството на овошје и зеленчук кое го нуди Ками.
Ариза ни ги обезбедува престилките кои ги носиме на секое снимање.
Иако овој рецепт не содржи зачини и сол, вкусот и структурата се соодветни за да може да ужива целото семејство.
Целиот рецепт може да го најдете и во Бебе Готвач апликацијата во рецепти за 10+ месеци.
А за да биде уште позабавно, користиме шарени макарони: црвените се од цвекло, зелените од спанаќ, а белите од леќа.
Ние направивме и превкусен млечен сос, но доколку работите на подобрување на крвната слика, може и да го прескокнете.
За да добиеме природен вкус на зеленчукот и да ги задржиме сите негови нутритивни вредности, го користевме мултифункционалниот робот од бебешката линија на на Gorenje. Овој мал беби робот е погоден за готвење на пареа, блендирање, загревање, стерилизирање и сечкање.
За подготовка на тестенините ја искористивме индукциска плоча, исто така од линијата на Gorenje. Контролата за допир што ја поседува е одлична за семејства кои имаат мали деца бидејќи може да се заклучи со еден допир. А она што ќе ве воодушеви е моќноста и брзината со која таа се загрева, а потоа лади.



Користевме свежа брокула, карфиол и моркови, од целото изобилството на овошје и зеленчук кое го нуди Ками.

Иако овој рецепт не содржи зачини и сол, вкусот и структурата се соодветни за да може да ужива целото семејство.
Целиот рецепт може да го најдете и во Бебе Готвач апликацијата во рецепти за 10+ месеци.
Потребни состојки:
- неколку мали китки карфиол
- неколку мали китки брокула
- 1 морков
- 250 гр макарони - ние користевме мешани макарони од спанаќ, цвекло и леќа
- павлака
- јогурт
- 1 чешне лук
- босилек
- сушен лук
Подготовка:
Претходно измиениот зеленчук исечкајте и го ставете го да се готви
во сад на пареа. Доколку немате, може и да ги варите кратко или додека не
омекнат. Варете го заедно со лукот кој потоа ќе го искористите за белиот сос.
Ставете ги макароните да се сварат. Сварени, процедете ги и
вратете ги во садот во кој се вареле. Ставете лажичка путер за да добијат
побогат вкус и да не се залепат.
На страна во длабок сад испасирајте го свареното чешне лук.
Додадете 2-3 големи лажици павлака, малку сушен лук и пола лажичка босилек.
Мешјки додадете јогурт по желба или додека да ја добиете саканата густина.
Во чинија сервирајте ги
макароните со парчиња топол зеленчук и прелив од белиот сос.
Подготовката може да ја погледнете на видеото:
Предходно објавено Бебе Готвач видео:
Следете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.
Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.
No comments:
Post a Comment