Токму тоа не инспирира да создадеме овој рецепт, кој освен што е вкусен, се подготвува брзо и времето поминато во кујна е кратко, па слободно можеме да го искористиме времето за прошетка и квалитетно поминато време со децата. А тие пак, понекогаш знаат да одбиваат да пробаат нова намирница и без да знаат каков е вкусот, мислат дека не ја сакаат. Затоа овој рецепт е одличен да им ја доближиме храната која не сакаат да ја пробаат поинаку. Спанаќ, блитва, штавел се лиснати зелечнуци кои ги одбиваа, па затоа решивме да ги подготвиме на еден поинаков начин, во форма која никогаш не би ја одбиле, а тоа се вафли. Може да ги подготвите за појадок или вечера или да ги понудите како ужинка. Ако сте планирале и рана прошетка, идеални се да ги понесете со вас.
Рецепт за вафли со блитва:
- 2 лажици бело брашно
- 3 лажици интегрално брашно
- 2 жолчки
- 3 лажици путер
- 5 листови блитва
- 4 лажици урда
- 50мл јогурт
- 50мл вода
- 1 лажиче пециво
- 1 младо лукче

Сите суви состојки ги ставаме во сад за матење. Го додаваме путерот и жолчките. Додаваме и несолена урда.
На страна ја обаруваме, а потоа ја сечкаме блитвата. Го сецкаме и лукчето.
Ги додаваме во садот со брашно и додаваме јогурт и вода.
Доколку е многу густа смесата, може да се додаде уште малку вода. Добро мешаме додека целата смеса се соедини. Ако е потребно употребете и миксер.
Го загреваме апаратот за вафли и го премачкуваме со путер.
Ја ставаме смесата и печеме неколку минути.
Печените вафли ги оставаме малку да се оладат, па ги послужуваме со несолено сирење.
За големи деца и за возрасни одлични се во прилог со солено сирење.
Оваа смеса е доволна за 2 вафли.
Целата подготовка на овој рецепт може да ја погледнете на видеото.




Ками ни обезбеди свежа блитва. Секогаш имаат голем избор на свежо овошје и зеленчук, зачини и јатки.
Предходно објавен Бебе Готвач видео рецепт
Следете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.
Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.
No comments:
Post a Comment