Помфрит! Јинг и јанг. Борба меѓу најдобриот вкус и најнездравиот начин на подготовка.
Нема дете што ќе проба, а да не го обожува. Затоа и одлучивме да подготвиме рецепт во кој ќе понудиме здрав начин на подготовка на крцкави компирчиња и пица без брашно.
Овие рецепти се топла и здрава ужинка и се идеални за бебиња кои сакаат да јадат сами, но и здрав оброк за поголеми дечиња.
Рецепт:
Печен помфрит од обичен и
сладок компир
- 2 обични компири
- 2 слатки компири
- Маслиново масло
- 1 лажица сушен мелен зеленчук
- 1 лажица лук во прав
- 1 лажица кумин
- 1 лажица мелен ким
- 1 лажица куркума
- кашкавал
Компирите ги сечкаме како за пофмрит, 1 см
дебелина
Ги делиме во два различни сада.
Во првиот сад додаваме маслиново, лук во
прав, сушен мелен зеленчук и ким
Во вториот сад додаваме маслиново, кумин,
лук во прав и куркума
Убаво ги масираме со раце да ги примат
вкусовите.
Потоа ги редиме во тава обложена со хартија за
печење, поделени со свиткано парче од хартијата.
Се печат на 220 С, со вентилатор на
најгорниот дел од рерната.
Откако ќе се испечат, помфритот за помали
бебиња го сервираме со млечен сос по избор.
Помфритот за поголеми деца го ставаме во голема чинија и
на рендаме кашкавал.
Полнети компири со пица фил
- 6 средни компири
- 6 свежи печурки
- 250гр кашкавал
- 1 лажичка оригано
- малку сол
- маслиново масло
- 100гр путер
- 100мл доматен сос
- лук во прав1
Компирите ги лупиме и ја вадиме средината. Ги посолуваме и ги премачкуваме со маслиново
масло.
Ги редиме во тава обложена со хартија за
печење.
На страна сечкаме парчиња кашкавал. Ги сечкаме печурките

Како и секогаш, Ариза се грижи за нашите престилки.
Ги полниме компирите со лажичка доматен сос,
па ставаме кашкавал, печурки и по една мала коцка путер.
Се печат во загреана рерна, на 200С додека не омекне компирот. Времето на печење зависи од големината на компирите, па затоа најдобро е да боцнете со вилушка за да проверите дали се зготвени.
Се печат во загреана рерна, на 200С додека не омекне компирот. Времето на печење зависи од големината на компирите, па затоа најдобро е да боцнете со вилушка за да проверите дали се зготвени.
Откако ќе бидат готови, ги вадиме, ставаме по
една кришка кашкавал и ги враќаме уште некоја минута додека не зарумени
кашкавалот.
Ги сервираме со преостанатиот доматен сос.

Во овој рецепт користевме вкусен кравји кашкавал од линијата на President. Путерот е исто така од линијата на President, во солена и несолена варијанта.

Целата подготовка на овој рецепт може да ја погледнете на видеото:
Предходно објавен Бебе Готвач видео рецепт:
Следете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.
Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од
Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се
согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални
потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и
адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на
Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од
оргиналната содржина.
No comments:
Post a Comment